
|
 |
Спорт / Фудбал
Кака: Меси е мојот соиграч од сништата
Минатогодишниот фудбалер број 1 на планетава, Бразилецот Кака, изјави дека доколку тој би бирал кого би го одбрал како соиграч од сите светски фудбалери, без размислување би се решил за Аргентинецот Лионел Меси од Барселона.
"Ако Адријано Галијани некогаш ми даде можност да влијаам на трансфер-пазарот, веднаш би го ангажирал Меси. Во овој момент тој е фудбалерот кој најмногу сакам да го гледам. Има способност за правење разлика на неверојатен начин. Мислам дека не би имал никаков проблем да играм со него, исто како и со Роналдињо, Пато и Инзаги", вели Кака.
Тој се осврна и на неговиот однос со сонародниците Роналдињо и Роналдо, особено на вториот, кој деновиве ги окупираше медиумите со не баш пријатни вести за неговите фанови.
"Го почитувам многу бидејќи е многу добра личност. Тие што го знаат, свесни се за неговите вредности. Секој може да направи грешка и луѓето не треба да судат за туѓите грешки, особено кога тој ја презеде целата одговорност", додава фудбалерот на Милан.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|