
|
 |
Спорт / Фудбал
Калдерон: Не го даваме Рамос
Претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, инсистираше дека шпанскиот репрезентативен дефанзивец Серхио Рамос нема да биде продаден на Челзи и покрај феноменалната понуда од Абрамович во висина од седум милиони евра по сезона.
"Мислам дека нема никаква причина за загриженост бидејќи иднината на Рамос е со Реал Мадрид. Серхио е еден од столбовите на нашиот проект и ја има целата кариера во клубот пред себе. Тој е среќен кај нас и не сум забележал ништо што би сугерирало дека сака да си замине, иако доколку тој има желба, нормално дека не можеме да го задржиме. Не знам зошто било кој фудбалер би си заминал од Реал, бидејќи кога играте за нас, немате никаква причина да ја барате среќата на друго место!", вели Калдерон.
Инаку, првиот човек на "кралевите" се осврна и на идната сезона во која нормално желбите и амбициите се освојување на сите можни натпреварувања, а во крајна линија, барем полуфинале во Лигата на шампионите, каде во последните сезони се бележат просечни резултати за клубот со најмногу титули во најеминентниот европски куп.
"Креиравме доста квалитетен тим и не би сакале да го расипеме тоа. Ќе има нови лица во екипата, но тоа ќе бидат крајно професионални индивидуи, при што нивниот талент нема да биде одлучувачки фактор, туку можноста да се вклопат и навистина да ја засилат екипата, а се разбира многу значајно е нивното однесување и семејниот живот. Фудбалер кој се однесува недолично надвор од теренот нема да биде земен в предвид. Следната година очекуваме и подобро издание во Лигата на шампионите и му реков на тренерот Шустер дека посакуваме влез барем меѓу четирите најдобри. Оваа година не беше лесна за Шустер, бидејќи наследи тим кој ја освои титулата и негова должност беше да ја одбрани истата", додаде Рамон Калдерон.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|