сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

ШАМПИОНОТ ПОДГОТВУВА "БОМБА"
Работнички со Христов во ЛШ!?

Ѓорѓи Христов (32), ќе го засили Работнички К. и треба да биде најголемото засилување за "романтичарите" пред настапите во квалификациските кола во Лигата на шампионите. Нашиот најдобар стрелец во националниот тим веќе го заврши својот престој во холандскиот Ден Бош кој не успеа да се избори за место во елитната лига на "лалињата".

"Завршив со Ден Бош и сега се враќам во Македонија", коментира Христов.

"Македонски Спорт" дознава дека тој веќе со месеци има разговори со луѓето од Работнички К. на што голгетерот со конкретен одговор:

"Зошто да не!!! Има преговори и обострана желба. Посакувам да се вратам дома и со нашиот најдобар клуб да се обидеме да направиме нешто повеќе. Мислам дека имам сили и дека сум во добра форма. Зад мене имам одлична сезона со многу натпревари и голови. Се ќе се знае за неколку денови".

Трансферот на Христов во Работнички К. треба да биде "бомба" во летниот преоден рок а според најавите покрај нашиот искусен голгетер во табоот на "романтичарите" планираат да донесат уште 3 екстра засилувања со кои шампионот ќе се обиде долго да остане на евро-сцената.

Христов е трансферна цел број еден на тренерот Драгољуб Беквалац кој со месеци бара екстра голгетер.


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Мечкаровски тепан во Ѓорче!!!
Работнички со Христов во ЛШ!?
Калдерон: Не го даваме Рамос
Кака: Меси е мојот соиграч од сништата
Цирих, домаќин на најголемото дерби во првиот круг
Ериксон по третпат во Бенфика
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи