
|
 |
Спорт / Фудбал
ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА 1/2 ФИНАЛНИОТ РЕВАНШ СО РАБОТНИЧКИ К ВО СУДИСКАТА СОБЛЕКУВАЛНА СЕ СЛУЧУВАЛА ДРАМА Мечкаровски тепан во Ѓорче!!!
Димитар Мечкаровски по завршувањето на 1/2 финалниот меч во Ѓорче бил физички нападнат, удрен неколку пати, заедно со четвртиот судија Владимир Кипријановски. Значи овој меч имал и "трето полувреме" во судиската соблекувална во која, по сe изгледа, се случувала вистинска драма. Во неа влегле комесарот за безбедност на Македонија ЃП и едно неслужбено лице (така стои во официјалниот записник) незадоволни од делењето на правдата и неколкупати ги удриле Мечкаровски и Кипријановски, додека првиот и вториот помошник Игор Ширилов и Сафет Адеми не биле нападнати.
По овој настан Мечкаровски пријавил физички напад врз него до делегатот на овој натпревар Зејди Салиу, кој веднаш да напоменеме дека е и прв "дисциплинец" на ФФМ, а овој го ставил тоа во записникот. Потоа се знае како работите си течат според прописите на ФФМ, автоматска суспензија на теренот. Најважно е тоа што судиите пријавиле напад и инсистирале до делегатот тоа да стои во записникот.
Со ова продолжуваат инцидентите во мак - фудбалот. Обично тоа го прават домашните поради незадоволство од резултатот на натпреварите. Само за потсетување, за тепани судии, гостински играчи и тренери во оваа сезона беа казнети Башкими, Ренова и Шкендија ХБ. Претходно вообичаено имаше слични инциденти и во Прилеп, но вчудовидува инцидентот во Ѓорче Петров зошто се знае дека неколку години откако на чело на овој клуб дојде Благоја Николовски како спонзор, Македонија ЃП била пример како треба европски да се однесува еден домашен клуб. Кога сме кај Македонија ЃП имало и тоа не ретко вакви инциденти во минатото, но ова е првпат откако клубот под свое го презеде Николовски.
Може да се оправда горчината на "лавовите" поради елиминацијата од Купот кога беа толку блиску до финалето, кога беа толку блиску до сензација да го елиминираат најмоќниот и најдобар клуб во Македонија. "Лавовите" и тоа како имаа шанса, од "Градски" донесоа одлични 0:0, но својата шанса не ја искористија и за тоа не треба да им биде виновен Мечкаровски. Можеби главниот судија имаше неколку дискутабилни одлуки, можеби имаше пенал врз Стојановски, но не смееше во никој случај луѓе од клубот да си дозволат да тепаат Мечкаровски. Сега "лавовите" решавачките средби до крајот на првенството ќе мораат да играат во Битола.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|