
|
 |
Спорт / Фудбал
Роналдињо: Заминав во Милан
Поранешниот најдобар фудбалер на светот и член на Барселона, бразилецот Роналдињо организирал забава каде на гостите им соопштил дека од наредната сезона ќе го носи дресот на Милан.
Оваа вест ја пренесува шпанскиот весник „Перодико Каталуња“, кој открива дека Роналдињо во хотелот „Кастелдефелс“ организирал забава и дека на гостите им ја соопштил „среќната вест“.
„Роналдињо беше среќен и цело време беше насмеан. На сите ни соопшти дека наскоро заминува за Милано“, изјавил за весникот бразилскиот имитаторот на познати личности Андре Силва, кој бил присутен на забавата.
Забавата траела цела ноќ, а добрите познавачи и редовни посетители на вакви забави, пренеле дека се изгледало како забавите кои што некогаш ги организирале поранешните играчи на Барселона, Ромарио и Стоичков.
Вчера во шпанските медиуми излезе информација дека Роналдињо има сериозна повреда на мускулите и дека неговата кариера е под знак на прашање, но тоа најверојатно ќе биде само голем трач, судејќи по неговото однесување на забавата кој ја организирал.
Бразилецот е надвор од терените два месеци, но почнал да тренира со специјален програм, за да биде спремен за евентуални медицински прегледи за во нов клуб.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|