понеделник, 12.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

СЕРИЈА "А" - 37. КОЛО
Матераци "го испушти" скудетото

Фудбалерите на Сиена заедно со Марко Матераци се "виновниците" што италијанското калчо го очекува невидена драма во иднонеделното последно коло. Интер не успеа да ја совлада Сиена играјќи разочарувачки 2:2 со Сиена на свој терен, со што и овозможи на Рома да дојде на само еден бод дефицит во пресрет на финалната рунда.

Италијанскиот репрезентативен дефанзивец беше трагичар за "неро-азурите" бидејќи утна пенал на 10 минути пред крајот, иако многумина беа зачудени што токму Матераци се залета да го изведе ударот од белата точка. Тоа донесе многу фрустрации кај фановите на "Џузепе Меаца", како и кај првиот човек на клубот, Масимо Морати, но стратегот на тимот инсистира дека не постои простор за песимизам и покрај ремито поради поранешниот пенал и големиот број прокоцкани шанси.

"Според договорот, изведувачите требаа да бидат Круз, Балотели и Матераци, но доколку и Круз го шутираше пеналот, можеше да се случи сличен 'кикс'. Сепак, морам да потенцирам дека сите во клубот сме мирни, се останува во наши раце и нема никаква потреба за загриженост. Следната недела одиме во Парма да победиме и да го освоиме 'скудетото' кое ни припаѓа", рече тренерот на Интер, Роберто Манчини.

Во последното коло Интер и гостува на Парма, која се бори за прволигашки живот и ќе мора да оди на победа за да опстане во Серија А. Токму затоа фудбалерите на Интер ќе мора сериозно да си ја сфатат работата бидејќи воопшто нема да имаат толку лесна задача во последното коло.

Рома рутински си ја одработи задачата против Аталанта победувајќи со 2:1, но и фудбалерите на оваа екипа ги чека слична тешкотија идната недела против екипата на Катанија, која ја совладаа во полуфиналето на националниот куп. Овој пат сицилијанскиот клуб мора да освои барем бод за да го обезбеди опстанокот во Серија "А", а токму таков резултат од тој меч не и одговара на Рома бидејќи во најдобар случај би имала ист број бодови со Интер и така "неразурите" би биле шампиони.

И Милан по вчерашното коло значително си ја искомплицира ситуацијата кога станува збор за четвртото место и пласманот во Лигата на шампионите. Ланскиот европски првак доживеа дебакл на гостувањето кај Наполи со 3:0 и по триумфот на Фиорентина над Парма падна на петтата позиција, па во последното коло ќе треба да се надева на кикс на "виолетовите". Натпреварот немаше никакво значење за Наполи, но домашните фудбалери го дадоа својот максимум и на крајот остварија заслужена победа против големиот фаворит кој допатува во Неапол неподготвен да им се спротивстави на "сините". Немаше ниту најмал дел од онаа екипа која пред една недела убедливо го надигра Интер во градското дерби и победи со 2:1 со што го оневозможи градскиот ривал уште тогаш да ја прослави 16. шампионска титула во Серија "А".

Емполи и Ливорно во Серија "Б"

Поразите од Реџина и Торино и математички ги пресели екипите на Емполи и Ливорно во втората италијанска лига. Теоријата за опстанок пропадна во дуелите со конкурентите кои "висеа", па сега останува да се види кој ќе им се придружи во понизок ранг на натпреварување, а во конкуренција се само Катанија и Парма. "Млекарите" можат да му заблагодарат на Алесандро дел Пјеро, кој со погодокот во 89. минута "му скуси" два бода на тимот на Катанија и им ги пролонгираше надежите барем за уште една недела.

Тоти: Идната недела ќе биде епска

Повредениот капитен на Рома, Франческо Тоти, беше пресреќен по вчерашната разврска на 37. коло и воедно им заблагодари на играчите на Сиена за бескомпромисното однесување на дуелот во Милано.

"Многу ми е мило што Сиена покажа што значи фер-плеј и докажа дека чесноста на фудбалските натпревари не е својствена само за Англија. Следната недела не очекуваат неверојатни, епски 90 минути. Немаме што да загубиме, одиме кај Катанија за да победиме и ни останува да се надеваме на позитивни вести од Парма".

КАРЛО АНЧЕЛОТИ:

Неочекуван и непланиран пораз

"Навистина не очекував дека по минатонеделното издание ќе доживееме вака убедлив пораз на гостувањето кај Наполи. Сега ништо не зависи од нас. Треба да се фокусираме во последното коло и да го совладаме Удинезе на наш терен, но во исто време да очекуваме добри вести од Торино каде гостува Фиорентина", изјави тренерот на Милан.

РЕЗУЛТАТИ:

ФИОРЕНТИНА - ПАРМА 3:1

Сантана 38', Семиоли 77', Освалдо 82' - Будан 11'

ЏЕНОВА - ЛАЦИО 0:2

Пандев 31', Роки 45'

ИНТЕР - СИЕНА 2:2

Виеира 11', Балотели 45' - Макароне 30', Карја 69'

ЈУВЕНТУС - КАТАНИЈА 1:1

Дел Пјеро 89' - Мартинез 47'

ЛИВОРНО - ТОРИНО 0:1

Росина 41'

НАПОЛИ - МИЛАН 3:1

Хамшик 35', Домици 68' (п), Гарикс 90' - Сидорф 90'

ПАЛЕРМО - САМПДОРИЈА 0:2

Касано 61', Маџи 76'

РЕЏИНА - ЕМПОЛИ 2:0

Барето 68', Аморузо 79'

РОМА - АТАЛАНТА 2:1

Панучи 23', Де Роси 67' - Белини 88'

УДИНЕЗЕ - КАЉАРИ 0:2

Аквафреска 48', Косу 55'

ТАБЕЛА:

1. Интер 37 24 10 3 67:26 82

2. Рома 37 24 9 4 71:36 81

3. Јувентус 37 20 11 6 69:34 71

4. Фиорентина 37 18 9 10 54:39 63

5. Милан 37 17 10 10 62:37 61

6. Сампдорија 37 17 8 12 53:43 59

7. Удинезе 37 16 9 12 47:49 57

8. Наполи 37 14 8 15 49:51 50

9. Џенова 37 13 9 15 44:50 48

10. Палермо 37 12 10 15 45:55 46

11. Аталанта 37 11 12 14 50:56 45

12. Сиена 37 9 16 12 38:43 43

13. Лацио 37 10 13 14 45:50 43

14. Каљари 37 11 8 18 38:54 41

15. Торино 37 8 16 13 36:48 40

16. Реџина 37 9 12 16 35:54 39

17. Катанија 37 8 12 17 32:44 36

18. Парма 37 7 13 17 42:60 34

19. Емполи 37 8 9 20 27:51 33

20. Ливорно 37 6 12 19 34:58 30

ИДНО КОЛО: (18.05.2008)

Каљари - Реџина, Торино - Фиорентина, Сиена - Палермо, Лацио - Наполи, Сампдорија - Јувентус, Емполи - Ливорно, Милан - Удинезе, Парма - Интер, Катанија - Рома, Аталанта - Џенова.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:

19 гола - Бориело (Џенова), Трезеге, Дел Пјеро (Јувентус), 17 гола - Ди Натале (Удинезе), Муту (Фиорентина);


Наjновo од Спорт
Матераци "го испушти" скудетото
Елиминирана првата пречка
Супер-Маса до хет-трик победи во Истанбул
Кулминација на прекрасната сезона
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Роналдињо: Заминав во Милан
Мечкаровски тепан во Ѓорче!!!
Работнички со Христов во ЛШ!?
Калдерон: Не го даваме Рамос
Кака: Меси е мојот соиграч од сништата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи