понеделник, 12.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Боависта исфрлена од лигата

Фудбалските власти на Португалија викендов им изрекоа максимално ригорозни казни на неколку екипи обвинети за обиди за "местење" натпревари во сезоната 2003/04, во случајот наречен "златно свирче". Така, Дисциплинската комисија при фудбалскиот сојуз на оваа земја пресуди Боависта да биде исфрлена од Првата лига, на екипата на Леириа & се одземени три бода, додека актуелниот шампион Порто заработи казна од шест бодови во рамките на првенството кое заврши синоќа. Поранешниот претседателот на Боависта, Жоао Луреиро, доби четиригодишна суспензија, а клубот беше префрлен во Втората лига поради обиди за "местење" на три натпревари. Засега не се знаат реперкусиите во однос на тоа како испаѓањето на Боависта ќе влијае врз другите екипи кои регуларно заслужија да ја напуштат Првата португалска лига.

"Овие одлуки беа едногласни. Пет лица дадоа согласност овие казни да бидат спроведени", изјави Рикардо Коста, првиот човек на португалскиот фудбалски сојуз, кој додаде дека Боависта е и парично казнета со 180.000, а Порто со 150.000 евра.

Воедно, двегодишна суспензија доби претседателот на Порто, Хорхе Нуњо Пинто да Коста. Во образложението на одлуката стои дека Порто се обидел да ги подмити судиите на два натпревари во сезоната 2003/04, во која исто така беше шампион, под водство на Жозе Мурињо, чие име сепак не беше споменато во овие скандали. Сепак, овогодишната казна не влијаеше воопшто на изгледот на табелата бидејќи Порто и онака одамна ја освои шампионската титула, со предност од 20 бодови пред второпласираниот.


Наjновo од Спорт
Боависта исфрлена од лигата
Во вистинско светло
"Алонсо мора да си оди, Роси ја пропушти шансата"
Оли, секогаш ме импресионираше!
Матераци "го испушти" скудетото
Елиминирана првата пречка
Супер-Маса до хет-трик победи во Истанбул
Кулминација на прекрасната сезона
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Баерн се договори со Гатусо
Роналдињо: Заминав во Милан
Мечкаровски тепан во Ѓорче!!!
Работнички со Христов во ЛШ!?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи