понеделник, 12.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Вардар катастрофално посрамотен - 9:1!

Најтрофејниот македонски клуб го доживеа најголемиот срам во својата историја, во моментите како последица на организацискиот хаос во кој самиот се навлече, меѓутоа вчера "сервиран" и од сопствените фудбалери!

Поради одбивањето на 16 првотимци да патуваат во Куманово, оние кои останаа да ја бранат честа - голобрадите момчиња од младинските школи, а надополнети со само еден фудбалер постар од 19 години, искусниот Александар Бајевски, го доживеаја најголемиот дебакл откако се натпреваруваат во независна Македонија. Загубија од Милано со 9:1 во натпревар кој смешно и трагично е да се коментира и покрај тоа што домаќините сосема заслужено и оправдано си го искористија вардаровиот интерен проблем за да си ги запишат своите имиња во аналите на македонскиот фудбал.

Поради, како што самите истакнуваат, неисплатени плати за април, 16 вардарови фудбалери во саботата одбиле да го одработат редовниот тренинг отпочнувајќи штрајк кој вчера го продолжија и со одбивањето да настапат на официјален натпревар за "својот" клуб.

"Ние пред две недели го навестивме штрајкот, нема исплата на плата за април и затоа не отпатувавме во Куманово", е краток ставот на Јорде Георгиевски, Мартин Богатинов, Владимир Секуловски, Борче Ристовски, Ѓорѓи Мојсов, Бурхан Емурлаху, Димче Ристевски, Србите Раденко Бојовиќ, Милан Перендија, Славен Станковиќ, Душан Савиќ и Милош Леповиќ, и Бразилците Агиналдо Брага, Роберто Карлос, Фабио и Пименте Соуса.

Како последица на нивниот став Вардар вчера во Куманово отпатува со 14 фудбалери, а како дополнителен проблем уште во 15. минута се повреди Музафер Ејупи. Случајно или не, но на Вардар вчера остана верен само неговиот "извор". Во тимот се издвоија единствено играчите кои потекнуваат од вардаровата школа, за разлика од претходните 16 штрајкувачи, меѓу кои половина странци, од кои ни еден не ги почнал своите фудбалски чекори во црвено-црниот дрес. Од досегашните првотимци во тимот во Куманово беа токму вардаровите деца Александар Бајевски, Оливер Пеев, Филип Петров, Филип Спасески и Музафер Ејупи, кои сигурно исто така немаат добиено плата за април, меѓутоа беа со својот тим.

"Нашето место е со Вардар без разлика на се. Проблемите сигурно не се решаваат со неиграње затоа што со тоа не се прави удар и штета на некои поединци, но само на клубот", истакнаа фудбалерите кои заедно со останатите младинци до крајот го одиграа натпреварот на кој, сакале или не, секогаш ќе се сеќаваат.

Вчера во ложата на стадионот во Куманово, сведок на големиот срам беше и вд претседателот на Вардар, Ванчо Шехтански.

"Ова што го направија фудбалерите е далеку од некаква борба за финансиски права. Се е под директива на Брацо Вујчиќ и Панчев. Во саботата имавме состанок и ги прашав во што е проблемот. Откако ми одговорија дека не им се платени кириите, веднаш им покажав финансиски средства дека ете во моментот се ќе биде исплатено. Не очекувајќи го тоа, веднаш потоа истакнаа дека мора да добијат и плати за април. На нашето прашање дали ја завршија обврската на која претходно се договориме најпрво да се одјават од фирмата на Гризли и Брацо каде што се пријавени за да може да ги регистрираме и пријавиме во ФК Вардар немаа одговор... Како може да плаќаме ние придонеси кога тие се вработени и пријавени во приватна фирма? А до 4 мај обврските кон нив се на Брацо Вујчиќ", вели Шехтански.

Како и да е, Бајевски, Пеев, Петров... вчера црвенеа среде Куманово, но и покрај тоа што тие беа на зелениот терен, сепак не поради своја вина, но и поради "цедилката" која ја добија од своите соиграчи. Во македонскиот шампионат е јавна тајна дека безмалку 80% од клубовите се со крајно нередовни примања, меѓутоа вакво откажување верност не е случено, и покрај тоа што токму пред две недели и вчерашните противници на Вардар, фудбалерите на Милано јавно протестираа поради нередовна исплата на премии, рати...

Но, наш Вардар е секогаш исклучок. Вчера Глигоровски, Стојановиќ, Гаши, Аломеровиќ, Јовановски и останатите си го искористија моментот да го торпедираат противникот. Друго прашање е што ниту младите вардарови момчиња не го искористија својот момент за докажување, па уплашено, со огромна трема и без елан му пристапија на дуелот без ни мал отпор кон домаќините. Нивното докажувње ќе мора да почека понатаму.


Наjновo од Спорт
Вардар катастрофално посрамотен - 9:1!
Силата на шампионот на виделина
Ѓоковиќ и Сафина со добра подготовка за Франција
Боависта исфрлена од лигата
Во вистинско светло
"Алонсо мора да си оди, Роси ја пропушти шансата"
Оли, секогаш ме импресионираше!
Матераци "го испушти" скудетото
Кулминација на прекрасната сезона
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Баерн се договори со Гатусо
Роналдињо: Заминав во Милан
Мечкаровски тепан во Ѓорче!!!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи