
|
 |
Спорт / Фудбал
Неизвесност на дното, Рајкард со пораз се прости од "Ноу Камп"
Нити на коло пред крајот на шпанската Примера нема расплет на дното на табелата, каде и понатаму се чека одговор кој ќе им се придружи на Мурсија и Леванте на патот кон втората лига. Тоа сигурно нема да биде Валенсија, која вечерва убедливо го победи Леванте. Во најтешка позиција останува Сарагоса, која против старо новиот шампион Реал Мадрид освои бод.
Ни борбата за Лигата на Шампионите не е решена, а во проблеми западна дури и Барселона, која на свој терен загуби од Мајорка. Тренерот на "каталонците" Франк Рајкард со неуспех се прости од домашната публика. Мадридски Атлетико сега се израмни по бројот на бодови со Барселона, додека Севиља со победа во градското дерби се приближи на три бода заостанување, па постои можност за затворање на кругот во кој би одлучувал меѓусебниот дуел на овие три тима.
Резултати: Алмериа - Рекреативо Хуелва 0:2, Атлетик Билбао - Расинг Сантандер 0:0, Атлетико Мадрид - Депортиво Ла Коруња 1:0, Барселона - Мајорка 2:3, Леванте - Валенсија 1:5, Осасуна - Реал Мурсиа 2:1, Реал Бетис - Севиља 0:2, Ваљадолид - Гетафе 0:0, Виљареал - Еспањол 2:0, Сарагоса - Реал Мадрид 2:2.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|