
|
 |
Спорт / Фудбал
Повредата нема да ме спречи да играм во финалето на ЛШ
Џон Тери, капитенот на Челзи и англиски репрезентативец, го повредил лактот во последното коло од Премиер лигата во судир со својот голман Чех и противничкиот напаѓач Дејвис.
Првите информации говореле дека е можно Тери да го пропушти дури и финалето на Лигата на Шампионите на 21 мај во Москва, каде Челзи игра против Манчестер јунајтед. Но, Тери еден ден по натпреварот ја демантирал таквата можност.
„Ништо не е скршено во лактот и тоа е најдобрата вест што ја слушнав додека бев во болница. Силно го набив, но се ќе биде во ред“, рекол Тери и додал:
„Не постои никаква можност да го пропуштам финалето во Москва. Тоа е најголем трофеј кој што можеме да го освоиме оваа сезона. Предалеку стигнавме за да се откажам поради повреда. Тој трофеј ми недостасува во кариерата и горам од желба да настапам“, завршил Тери.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|