понеделник, 12.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Руи Коста ја заврши кариерата

Некогашниот португалски фудбалски репрезентативец Мануел Руи Коста ја заврши фудбалската кариера во дресот на Бенфика од Лисабон, пренесуваат денес светските агенции.

По завршувањето на првенствениот натпревар против Виторија од Сетубал, кој Бенфика го добил со 3-0, Руи Коста(36) пред 50.000 навивачи на стадионот „Луж“ изјавил дека се опростува од активното играње „со чувство на гордост и среќа“.

Тој истакнал дека емоциите кој што го „понеле“ кога се опростувал биле „многу јаки“ и додал дека е „задоволен со убавата и богата кариера која ја имал“.

Руи Коста кариерата ја започнал во клубот АД Фате, но после блескавиот настап на јуниорското светско првенство во 1991 година, на кое што триумфирала Португалија, преминал во Бенфика.

Со најпопуларниот португалски клуб освоил по една титула во шампионатот и купот, а светската слава ја стекнал играјќи полни десет година за италијанските клубови Фиорентина и Милан.

Со тимот од Фиренца освоил два италијански купа, а неколку пати е прогласен за „најдобра десетка“ во Серија А.

Во Милан се преселил во 2001 година заедно со турскиот тренер Фатих Терим. Се смета за еден од најзаслужните играчи за освојувањето на Лигата на Шампионите во 2003 година.

Бил капитен на една од најуспешните генерации во португалскиот фудбал, а за репрезентацијата има одиграно 94 натпревари постигнувајќи 26 погодоци.




Наjновo од Спорт
Руи Коста ја заврши кариерата видео
Повредата нема да ме спречи да играм во финалето на ЛШ
Суидат Реал победник во Лигата на Шампионите
Неизвесност на дното, Рајкард со пораз се прости од "Ноу Камп"
Вардар катастрофално посрамотен - 9:1!
Силата на шампионот на виделина
Ѓоковиќ и Сафина со добра подготовка за Франција
Боависта исфрлена од лигата
Оли, секогаш ме импресионираше!
Матераци "го испушти" скудетото
Кулминација на прекрасната сезона
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи