вторник, 13.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Бензема најдобар во Франција

Напаѓачот на актуелниот француски првак Лион, Карим Бензема е избран од своите колеги за најдобар фудбалер во Првата лига на Франција за оваа сезона. Бензема во моментов е најдобар стрелец во првенството со 19 постигнати гола, а ако се сметаат сите натпреварувања во кои учествуваше со неговиот тим, оваа бројка стигнува до 30 погодоци. На тој начин еден од најперспективните фудбалери во Франција се избори и за место во репрезентацијата и, најверојатно, ќе настапи на следното Европско првенство.

"Не би можел ова да го постигнам без помошта на целиот тим и довербата која ми ја укажаа претседателот на клубот и тренерот Ален Перин. Ова беше одлична сезона за мене", изјави 20-годишниот фудбалер.

Минатата сезона ова признание отиде во рацете на Флорен Малуда, тогаше играч исто така на Лион, кој сега настапува за Челзи. Бензема, и покрај интересот од неколку европски гиганти, меѓу кои и Манчестер Јунајтед и Барселона, вети дека ќе остане на Жерлан барем уште една сезона.

"Неодамна потпишав нов договор со Лион. Среќен сум тука и сакам да останам уште малку", додаде Бензема, кој има обврски кон својот тим до 2013 година.

Соиграчот на Бензема од Лион, Хатем Бен Арфа е прогласен за најдобар млад фудбалер во Франција, додека за тренер на годината е избран шефот на стручниот штаб на Бордо, Лорен Блан. На едно коло пред крајот на француското првенство Бордо има два бода помалку од Лион, кој се обидува да ја освои својата седма едноподруго шампионска титула.


Наjновo од Спорт
Бензема најдобар во Франција
Руи Коста ја заврши кариерата видео
Повредата нема да ме спречи да играм во финалето на ЛШ
Суидат Реал победник во Лигата на Шампионите
Неизвесност на дното, Рајкард со пораз се прости од "Ноу Камп"
Вардар катастрофално посрамотен - 9:1!
Силата на шампионот на виделина
Боависта исфрлена од лигата
Оли, секогаш ме импресионираше!
Матераци "го испушти" скудетото
Кулминација на прекрасната сезона
Пандев го проколна Матераци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи