
|
 |
Спорт / Фудбал
Мајкл Овен во Манчестер Јунајтед?
Според информациите во Британија, Мајкл Овен би требало да ја продолжи својата кариера во редовите на Манчестер Јунајтед. Се смета дека веќе се остварени првите контакти меѓу челниците на "црвените ѓаволи" и менаџерите на Овен, а Фергусон е подготвен да плати девет милиони евра за англискиот репрезентативен напаѓач, односно три помалку од неговата вистинска вредност. Тој би требало да дојде како замена за Французинот Луис Саха, кој веројатно го напушта клубот, а ќе остане во комбинација за напаѓачките позиции со Карлос Тевез и Вејн Руни.
"Ќе го купиме. Покрај Тевез и Руни, во нападот ќе ни биде потребен уште еден играч со искуство, некој како Овен.", рече менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и го потврди големиот интерес за поранешното чудо на англискиот фудбал, кој на "Олд Трафорд" би заработувал помеѓу 70 и 90 илјади фунти неделно, а парите ќе се движат во нагорна линија паралелно со бројот на погодоци кои тој би ги постигнувал.
Инаку, Овен ја започна кариерата во Ливерпул, каде блескаше пред да се пресели во Реал Мадрид за 12 милиони евра, а година дена подоцна потпиша за Њукасл, за сума од 25 милиони евра. Сепак, во последните сезони имаше пехови со повреди и дисконтинуитет во формата, па неговата цена рапидно се намали.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|