
|
 |
Спорт / Фудбал
Португалецот посакува 50 погодоци
Најсериозниот кандидат за фудбалер на годината според ФИФА во 2008 година, Португалецот Кристијано Роналдо, изјави дека следната сезона посакува да постигне 50 погодоци во сите натпреварувања. Тој во оваа феноменална сезона за него, досега реализираше 41 гол, а има шанси да го зголеми контото на иднонеделното финале на Лигата на шампионите во Москва. Роналдо беше најдобар стрелец во англиската премиерлига сезонава, со реализирани 31 погодок, со што го израмни рекордот на Алан Ширер по бројот на реализации во првенство од 38 натпревари, а истовремено е и нај-голгетер во ЛШ, со седум, додека три реализираше во рамките на ФА купот. Успехот на Роналдо добива на значење уште повеќе ако се знае дека тој не е класичен центарфот, туку повеќе "оперира" од крилните позиции.
"Мислам дека напредувам секоја сезона и сметам дека и до година ќе бидам подобар. Многу сум поквалитетен сега одошто пред пет години и верувам дека 50 погодоци не се премногу. Работата е да бидете во вистинскиот клуб, за да можете да остварувате константен прогрес. Годинава беше феноменална за нас и останува да дадеме се од себе да го крунисаме сето тоа со пехарот од ЛШ, вели Роналдо, чиј погодок против Портсмаут беше прогласен за гол на сезоната, а воедно беше прогласен за најдобар фудбалер во премиерлигата и според новинарите и играчите
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|