вторник, 13.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

ПОРАДИ ЖОЛТИ КАРТОНИ СТРУМИЧАНЕЦОТ НЕ ИГРА ПРОТИВ НАПОЛИ
Пандев заврши со Лацио!?
Почнуваат финалните преговори меѓу струмичанецот и клубот од Рим по кои ќе се знае судбината на нашиот најдобар фудбалер

Со гол и жолт картон Горан Пандев ја заврши својата најдобра сезона во Серија А. Тој го одигра своето во оваа сезона за неговиот Лацио затоа што поради "жолтица" нема право за настап на последниотмеч во оваа сезона кога Наполи гостува на "Олимпико".

"Посакував да дадам гол, но во никој случај не заслужив жолт картон. Тоа беше мнгу смешна работа кога место да биде досуден прекршок врз мене јас добив картон од главниот судија. Сега поради 8 жолти картони немам право да играм со Наполи и за мене оваа одлична сезона заврши во Џенова", коментира Пандев за завчерашниот меч на кој го подобри својот личен рекорд на 14 погодоци во една сезона.

Но што сега!? Дали Џенова беше и последниот меч за Пандев во дресот на Лацио!?

"Ништо не се знае. Сите опции се отворени, а по дуелот со Наполи моите менаџери ги почнуваат финалните преговори со Лацио и претседателот Клаудио Лотито. Кај нас сега е многу лошо затоа што по елиминацијата од Интер немаме шанси за излез на евро-сцената. Има најави дека многу од играчите ќе си одат. Јас имам едно барање, Лацио има различна понуда. За да се продолжи договорот треба обострано задоволство и затоа сега не можам ништо конкретно да соопштам", објаснува Пандев.

Лацио му нуди 1.000.000 евра на Пандев годишно за договор со 2012 година, а нашиот фудбалер бара двојно повеќе. Доколку нема нов договор Пандев е најблиску до трансфер во Њукасл, кој е подготвен да плати 24.000.000 евра за најдобриот фудбалер на Лацио.


Наjновo од Спорт
Ристовски не играше поради повреда
Пандев заврши со Лацио!?
Португалецот посакува 50 погодоци
Мајкл Овен во Манчестер Јунајтед?
Потврдени казните за Вујовиќ и Начевски
Македонија во 3. шешир
Хамилтон задоволен од себеси
Бензема најдобар во Франција
Руи Коста ја заврши кариерата видео
Повредата нема да ме спречи да играм во финалето на ЛШ
Неизвесност на дното, Рајкард со пораз се прости од "Ноу Камп"
Вардар катастрофално посрамотен - 9:1!
Боависта исфрлена од лигата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи