
|
 |
Спорт / Фудбал
Ристовски не играше поради повреда
И покрај тоа што од вардаровото раководство првично истакнаа дека 16 фудбалери се дел од штрајкот, сепак, дел од тие играчи во Куманово не отпатуваа само поради повреди а не и поради бојкот на клубот.
"Мора да истакнам дека Борче Ристовски не беше во Куманово само поради повреда со која се здоби уште на почетокот од минатата недела. Крајно коректно се јави на нашиот повик, меѓутоа реално не може поради повредата на задната ложа", ни изјави вчера тренерот во стручниот штаб на "вардарци", Кирил Дојчиновски.
Причината поради која не отпатува во Куманово ни ја потврди и самиот Ристовски.
"Не играв само поради повредата. Жалосно е тоа што се случи, и искрено се надевам дека состојбите во клубот ќе се надминат што побрзо", вели Борче Ристовски.
Инаку, поради повреда дел од тренинзите на тимот подолг период не се и Агиналдо Брага, но и Димче Ристевски. Ѓорѓи Мојсов минатата недела отсуствуваше исто така неколку денови од тренинзите на "црвено-црните".
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|