
|
 |
Спорт / Фудбал
ВЕЧЕРВА (20:45), ВО МАНЧЕСТЕР, ФИНАЛЕ ВО НАЈМАСОВНОТО КЛУПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ Опасниот Зенит Vs. трпеливиот Глазгов Р.
За првпат во историјата на финалните средби од Купот на УЕФА, Манчестер и Англија се домаќини на одлучувачкиот меч во битката за трофејот во најмасовното клупско натпреварување. Вечерва екипите на Зенит и Глазгов Ренџерс влегуваат во последната битка до големиот пехар на европската фудбалска централа наменет за најдобриот тим во најмасовното клупско натпреварување.
Рускиот тим е најпријатното изненадување сезонава. Успеа да мине редица еминентни фудбалски тимови за да дојде до "Градскиот стадион" во Манчестер вечерва. Ги "нанижа" Баер (Л), Баерн (М), Виљареал... Русите се подготвени за нова сензација, за која им останува само уште обврската да го "преслушаат" шкотскиот тим, кој откако не успеа да ја мине групната фаза во Лигата на шампионите, успеа да се наметне во второрангираното европско клупско натпреварување.
Двата тима досега немаат одиграно ниту еден меѓусебен дуел. Ова ќе биде првата пресметка на двата тима во европските натпреварувања и тоа токму во едно големо финале. За разлика од досегашните средби, финалето ќе биде изменето пред сe во составот на двата тима кој ќе се појави на оваа средба. Две клучни фигури во играта и на Зенит и на Глазгов Р. поради суспензија не ќе може да се појават на тревникот на стадионот во Манчестер. Погребњак, едно од најдобрите напаѓачки имиња во рускиот тим, но и воопшто во руската Премиер-лига, нема да биде во опасниот напад на Зенит. На негово место се очекува да заигра Теке. Иако Дик Адвокат до последен момент не сака да открие кој ќе го замени Погребњак, јасно е дека освен Теке нема некои поголеми можности да бира за да се пополни празнината во нападот.
Кај Шкотите на оваа средба исто така поради суспензија ќе го нема Казн. Човекот кој имаше седум одиграни средби сезонава за Глазгов Р. во Лигата на шампионите и уште 5 во Купот на УЕФА нема да биде меѓу оние на кои може да смета Волтер Смит. На негово место во нападот заедно со Даршевил можат да се очекуваат или Бојд или Ново. Поверојатно е дека Бојд ќе биде стартер, а Ново ќе добие шанса во вториот дел од средбата. Во шкотскиот тим по повредата во најдобриот тим се враќа Томсон, кој успешно го минал последниот фитнес тест. Истото важи и за Ширл, Аршавин и Риксен, кои немаа среќа со повредите, но, сепак, заздравија во вистински момент за да се појават на вечерашното финале. Неизвесен е настапот на дефанзивецот Ким Дон Јин. Кореецот с$ уште е на листата на повредени, но Адвокат го поведе со тимот во Манчестер.
Букмејкерите веќе го ставија Зенит во улога на фаворит на денешното финале, но Глазгов Р. знае многу добро да ја организира играта во одбраната и во средината на теренот. Контранападите ќе бидат главно оружје на Шкотите.
Желбите се едно, а конечните можности ќе се видат на дело во 90-те минути беспоштедна борба вечерва на "Сити Стадиум" во градот на новиот англиски шампион.
КУПОТ НА УЕФА НИЗ БРОЈКИ...
НАЈМНОГУ ТУТУЛИ:
3 - Интер (1991, 1994, 1998)
3 - Јувентус (1977, 1990, 1993)
3 - Ливерпул (1973, 1976, 2001)
ИГРАЧИ СО НАЈМНОГУ ТРОФЕИ :
3 - Реј Клеменс (Ливерпул и Тотенхем)
3 - Џузепе Бергоми (Интер)
3 - (Никола Берти (Интер)
ТРЕНЕРИ СО НАЈМНОГУ ТРОФЕИ :
3 - Џовани Трапатони (Јувентус)
2 - Хуанде Рамос (Севиља)
ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ ТРОФЕИ :
9 - Италија
6 - Англија и Германија
5 - Шпанија
4 - Холандија
2 - Шведска
1 - Белгија, Португалија, Русија, Турција
ИГРАЧ СО НАЈМНОГУ УЧЕСТВА :
96 - Џузепе Бергоми (Интер)
69 - Валтер Ѕенга (Интер)
66 - Енџо Шифо (Андерлехт, Интер, Бордо, Оксер)
63 - Давид Нареј (Данди Ј.)
НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ:
37 - Хенрик Ларсон (Феенорд, Селтик, Хелсинборг)
29 - Дитер Милер (Келн, Штутгарт)
25 - Алесандро Алтобели (Интер, Јувентус)
НАЈМНОГУ ГОЛОВИ ВО ЕДНА СЕЗОНА:
15 - Јирген Клинсман (Баерн М.)
14 - Џон Варк (Ипсвич)
12 - Дерлеи (Порто)
РЕКОРДИ... РЕКОРДИ...
* Карл Хајнц Румениге сe уште е сопственик на најбрзиот постигнат гол во натпреварите од Купот на УЕФА. Во сезоната 1993/94 Румениге по само две минути игра постигна гол за Борусија (Д) на средбата со Јувентус.
* Јуп Хејнкес, пак, е сопственик на единствениот хет-трик на финален меч од Купот на УЕФА. Прославениот германски фудбалер во дресот на Борусија (М) на средбата со Твенте во финалето во сезоната 1974/75 постигна три гола, во 9., 50. и 60. минута во победата на Борусија (М) од 5-1.
* Најубедлива победа во финале на Купот на УЕФА има остварено Севиља. Пред две години Шпанците со 4:0 во финалето ја совладаа екипата на Мидлсброу.
* Најдоброто враќање во игра на едно финале во Купот на УЕФА го имаше Ливерпул во финалето во 1976 година. Иако губеа со 2:0 на домашен терен од Бриж, до крајот на средбата "црвените" славеа со 3:2.
* Досега на финалните средби во Купот на УЕФА има покажано точно 10 црвени картони. Последен "поцрвенет" финалист беше Моисес Хуртадо од Еспањол, кој беше исклучен во ланското финале.
* Најмногу голови на едно финале во Купот на УЕФА постигнаа Ливерпул и Алавес во финалето во 2001 година. Имаше 9 гола, а средбата заврши со 5:4 за Ливерпул.
* Не вклучувајќи ги пеналите од пенал-сериите при нерешен резултат, досега во финалните средби во Купот на УЕФА имаше само 4 досудени пенали во регуларните 90 минути.
* Најбрзиот гол во финалето е дело на Маркус Бабел. Во 2001 година тој постигна гол во 3. минута.
* Само еден автогол е постигнат во финалните средби во Купот на УЕФА. Делфин Гели од Алавес постигна автогол на финалениот дуел со Ливерпул во 2001.
ФИНАЛИСТИТЕ НИЗ КУПОТ НА УЕФА:
ЗЕНИТ:
Одиграни средби: 52
Биланс: 23-14-15
Гол разлика: 89:66
Највисока победа : Зенит - Енкамп 8:0
Највисок пораз : Штутгарт - Зенит 5:0
ГЛАЗГОВ Р. :
Одиграни средби : 69
Биланс: 31-19-19
Гол разлика: 94 :68
Највисока победа : Амика : Глазгов Р. 0:5
Највисок пораз : Келн - Глазгов Р. 5:0
ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО:
ЗЕНИТ:
1. коло:
20.09.07 Зенит - Стандард 3:0
04.10.07 Стандард - Зенит 1:1
Наптвревари по групи:
25.10.07 Зенит - Аз Алкмар 1:1
08.11.07 Лариса - Зенит 2:3
29.11.07 Зенит - Нирнберг 2 :2
05.12.07 Евертон - Зенит 1 :0
1/16 финале:
13.02.08 Зенит - Виљареал 1:0
21.02.08 Виљареал - Зенит 2:1
Осминафинале:
06.03.08 Олимпик (М) - Зенит 3:1
12.03.08 Зенит - Олимпик (М) 2:0
Четвртфинале:
03.04.08 Баер (Л) - Зенит 1:4
10.04.08 Зенит - Баер (Л) 0:1
Полуфинале:
24.04.08 Баерн (М) - Зенит 1:1
01.05.08 Зенит - Баерн (М) 4:0
ГЛАЗГОВ Р.:
Лига на шампиони:
19.09.07 Глазгов Р. - Штутгарт 2:1
02.10.07 Лион - Глазгов Р. 0:3
23.10.07 Глазгов Р. - Барселона 0:0
07.11.07 Барселона - Глазгов Р. 2 :0
27.11.07 Штутгарт - Глазгов Р. 3 :2
12.12.07 Глазгов Р. - Лион 0 :3
1/16 финале :
13.02.08 Глазгов Р. - Панатинаикос 0 :0
21.02.08 Панатинаикос - Глазгов Р. 1 :1
Осминафинале :
06.03.08 Глазгов Р. - Вердер 2 :0
13.03.08 Вердер - Глазгов Р. 1:0
Четвртфинале:
03.04.08 Глазгов Р. - Спортинг 0:0
10.04.08 Спортинг - Глазгов Р. 0:2
Полуфинале:
24.04.08 Глазгов Р. - Фиорентина 0:0
01.05.08 Фиорентина - Глазгов Р. 0:0 (2-4 п)
РЕКОА ПРЕД ВЕЧЕРАШНОТО ФИНАЛЕ...
ЛУИС ВАН ГАЛ - "Сметам дека Зенит е еден многу добар тим. Пред с$ одлично балансиран. Сакам да ја освојат титулата во Купот на УЕФА. Сметам дека Дик направи сe што е во негова моќ и го има најдобриот тим во моментов."
ЛИ МЕККАЛОХ - "Одиме во Манчестер со верба дека имаме сила да го освоиме трофејот. Многу добро знаеме дека нема да биде лесно против тим каков што е Зенит. Наше е да се претставиме во најдобро светло."
АНАТОЛИЈ ТИМОШЧУК - "Тимовите кои ги победивме до ова финале беа меѓу најдобрите во Европа. Докажавме дека заслужуваме да играме во европските купови. Ќе решаваат индивидуалните квалитети на некои играчи и брзите контри."
КАРЛОС КУЕЉАР - "Кога дојдов во Ренџерс им кажав на луѓето дека сум во голем тим. Знаев дека ќе играм во евро-куповите и дека ќе освојуваме трофеи. Еве ја првата голема шанса. Мислам дека пехарот ќе биде наш."
ДИК АДВОКАТ - "Конечно играм во едно финале. Ова е мечот на мојата кариера. Мислам дека фудбалерите ги разбраа моите принципи на работа и затоа успеавме. Во најважниот меч очекувам најдобра партија. За мене и за сите наши фанови."
ВОЛТЕР СМИТ - "Зенит изгледаше убедливо на досегашните средби. Се надевам дека нема да биде така и против нас. Ние сме трпеливи и играме наша игра. Имавме среќа и сега сме на чекор до трофејот, кој сите го посакуваат."
АРТУР ЊУМАН - "Во Зенит сега се Риксен и Адвокат кои порано без во Ренџерс. Тоа е голема предност за рускиот тим. Зборував со Дик пред дуелот и мислам дека тој живее за ова финале."
ПИКАНТНО...
"Вет Вет Вет" ќе навиват за Глазгов Р. во Манчестер
Басистот на легендарните Вет Вет Вет, Грем Кларк, објави дека успеал да "ќари" еден билет за денешното финале во Купот на УЕФА. Неговиот омилен тим Глазгов Ренџерс стигна до финалниот меч, а "Вет Вет Вет" ова нема да го пропуштат. Покрај Кларк во Манчестер ќе патуваат и клавијатуристот на бендот, Нил Мичел, како и нивниот менаџер Дуги Сунес.
ФК Москва и Амкар вечерва во боите на Зенит
Од руските премиерлигашки клубови, само претставници на ФК Москва и на екипата на Амкар добија билети за да влезат на стадионот во Манчестер за време на финалето со Глазгов Р. Претставниците на овие два тима добија по десет билети за да навиваат за Зенит на вечерашното финале.
"Газдата" вети домашно вино за Ренџерси
Сопственикот на Глазгов Р., Дејвид Мареј, вети дека ќе донесе вино од неговата визба доколку Глазгов Р. вечерва го освои Купот на УЕФА. Мареј пред дуелот со Данди во саботата пред новинарите ветил дека трофејот од Купот на УЕФА ќе се слави со негово домашно вино за сите гости на веселбата која веќе се организира.
Шкотите "снимале" во Холандија
Според руските медиуми, двајца шкотски тренери биле присутни во Холандија за да ги следат последите тренинзи на рускиот тим за време на тренинг-кампот кој го имаа во оваа земја. Јан Дарант и Али Мекоист ги "снимале" тренинзите на рускиот тим и по нив заминале во Англија.
8850 билети продадени во еден ден
Комплетниот пакет од 8850 билети кои рускиот претставник во финалето на Купот на УЕФА ги доби за вечерашниот дуел се продадени во само еден ден. Ова го открија од рускиот клуб демантирајќи ги вестите дека добиле премалку билети за ова финале. Останатите билети е понудени на луѓе блиски на клубот кои ќе дојдат да го следат овој финален дуел.
ВЕРОЈАТНИ СОСТАВИ:
ЗЕНИТ - ГЛАЗГОВ Р.
ЗЕНИТ (4-4-2): Малафеев - Ширл, Крижанац, Широков, Анјуков - Аршавин, Зирианов, Тимошчук, Риксен - Фајзулин, Теке
ГЛАЗГОВ Р. (4-4-2): Александер - Куељар, Папац, Веир, Витакер - Томсон, Дајли, Хемдани, Дејвис - Даршевил, Бојд
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|