среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Малдини: Би можел да играм уште една сезона

Како што во моментов стојат работите, 39-годишната легенда на Милан, италијанскиот и светскиот фудбал, Паоло Малдини би можел да одигра уште една сезона во дресот на "црвено-црните". Тој по завршувањето на ланското СП најави дека ова сезона е негова последна во кариерата, но бидејќи одамна немал проблем со повреди, смета дека во него има капацитет за уште едно калчо првенство.

"Се движам во правец на донесување одлука со која ќе продолжам да играм, а следната недела околу тоа ќе разговарам со луѓето во клубот. Размислувам да продолжам да настапувам, особено што здравствената состојба ми е многу подобра, а и од клубот побараа од мене да одиграм уште една сезона. Се надевам дека ќе играм и во Лигата на шампионите, но тоа веќе не зависи од нас, иако факт е дека овој неуспех ќе претставува големо разочаување. Ќе мораме да се надеваме дека Торино ќе одигра како што треба за да не загуби од Фиорентина", вели Малдини.

За Милан да се пласира во Лигата на шампионите потребно е да го совлада Удинезе на домашен терен, а притоа Фиорентина да загуби во Торино. Своето пензионирање Малдини го најави уште на крајот од минатата сезона и тогаш рече дека ништо нема да ја смени неговата одлука, без разлика дали "росонерите" ќе освојат некој трофеј.


Наjновo од Спорт
Вардар не доби лиценца за Европа
Тодорчев жртва за "наместен" меч!!!
Покер - "романтичари" заминуваат во јуни
Робињо во Реал до 2014 година ?
Хјуит може да ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон
Да се биде или не!!!
Давиденко и Ферер повторно импресивни
Малдини: Би можел да играм уште една сезона
Опасниот Зенит Vs. трпеливиот Глазгов Р.
Интер нуди 32 милиони евра за Ето
Ристовски не играше поради повреда
Пандев заврши со Лацио!?
Португалецот посакува 50 погодоци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи