
|
 |
Спорт / Фудбал
Робињо во Реал до 2014 година ?
Според извештаите во шпанските весници, Реал Мадрид е подготвен да му понуди продолжување на договорот на бразилскиот репрезентативец Робињо, со што тој би останал на "Сантијаго Бернабе" до 2014 година. Актуелниот документ на Робињо вели дека има обврска да го носи "кралскиот" дрес до 2010 година, а се претпоставува дека тренерот Шустер сака уште однапред да го обезбеди Робињо со цел да смета на него на долг рок. Тоа во превод би значело дека репрезентативецот на "кариоките" ќе добие и значајно зголемување на неговата плата, која во моментов изнесува два милиони евра по сезона, со што би се приближил до фудбалерите со најголеми примања во актуелниот шпански шампион и најтрофеен европски клуб на сите времиња.
Робињо, кој е во Мадрид од 2005 година, наскоро би требало да добие и шпански пасош, со што би се ослободило уште едно место за фудбалер кој доаѓа надвор од Европската унија, а условите на новиот договор би требало да ги усогласат неговиот татко во соработка со неговиот агент и спортскиот директор на Мадриѓаните, Предраг Мијатовиќ. Со евентуалниот нов четиригодишен договор би се отстраниле сите стравови дека тој ќе си замине од Мадрид бидејќи беше цел на новинарите поради неговата слаба дисциплина, не баш најспортскиот животен стил и недоволната посветеност на тренинзите, што според многу мислења би придонело неговата кариера да заличи на онаа на Роналдо и Роналдињо, кои одамна не се баш најпосветени на фудбалот.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|