среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Голманот Томе Пачовски, играчите за врска Ндерим Неџипи и Ертан Демири, како и напаѓачот Иван Пејчиќ според нашите информации повеќе од сигурно е дека во јуни ќе направат трансфери надвор од Македонија
Покер - "романтичари" заминуваат во јуни

За четворица фудбалери на актуелниот шампион финалето од Купот на Македонија против Милано на 24 мај ќе им биде проштална средба за Работнички К. Според нашите информации, голманот Томе Пачовски, капитенот Ндерим Неџипи, искусниот играч за врска Ертан Демири и напаѓачот Иван Пејчиќ во јуни ќе направат трансфери надвор од нашата земја. Од канцеларијата на Работнички К ни ја потврдија оваа информација посочувајќи дека има понуди и за други нивни играчи, но овие четворица веќе биле пред трансфер.

Политиката на клубот е јасна, се прибираат понуди во текот на целата сезона а кога ќе почне преодниот рок стратешки се одлучува кој ќе замине а кој ќе мора уште барем шест месеци да остане. По никоја цена Работнички К не ги пуштал своите фудбалери за багателна цена како што прават некои други клубови (на пример капитенот на екс шамионот во Хрватска замина за 20.000 евра), понекогаш одбивал и такви суми како што 300.000 евра па и повеќе (за Пејчиќ и Неџипи), но некогаш знаел да "одигра" добро и да го продаде на пример Иван Тричковски за нешто помалку од 1.000.000 евра. Земјите и клубовите официјално никој не сака да ги коментира (сепак, се знаат блиските реалации на Работнички К со менаџерите кои работат за Белгија, Русија, Ј. Кореја, Украина, Холандија), но исто така се знае дека за Неџипи и Пејчиќ, најверојатно, Белгија е следната дестинација. За Пачовски се уште "загреани" се Русите и Украинците, а за Демири е тајна.

Ако ова се оствари тогаш Работнички К ќе биде натеран по силата на нештата да прави голем ремонт во својот тим. Ќе мора раководството на шампионот да купи барем 6-7 квалитетни фудбалери од нашата земја и странство со кои би можел што повеќе да опстане во квалификациите во Лигата на шампионите. Со некои се преговара уште сега, со некои се контактира, можно е да има засилување со некои наши сегашни или бивши репрезентативци кои моментално немаат или се во потрага по нови клубови.

По обичај се очекува да биде доста бурно во летниот преоден рок во таборот на шампионот, кој се надева, очекува и силно посакува двојната круна. Финалето на Купот сега е приоритет бр. 1, по 25 мај ќе се размислува за трансферите.


Наjновo од Спорт
Покер - "романтичари" заминуваат во јуни
Робињо во Реал до 2014 година ?
Хјуит може да ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон
Да се биде или не!!!
Давиденко и Ферер повторно импресивни
Малдини: Би можел да играм уште една сезона
Алонсо не верува во изненадување
Опасниот Зенит Vs. трпеливиот Глазгов Р.
Интер нуди 32 милиони евра за Ето
Ристовски не играше поради повреда
Пандев заврши со Лацио!?
Португалецот посакува 50 погодоци
Мајкл Овен во Манчестер Јунајтед?
Бензема најдобар во Франција
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи