
|
 |
Спорт / Фудбал
ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО ХРВАТСКА Тодорчев жртва за "наместен" меч!!! Хрватите најавуваат дека нашиот фудбалер им јавил на своите пријатели во Македонија дека дуелот Вартекс - Задар ќе заврши со точен резултат 5:2 и со "7+" на голови
Новинарите во Хрватска бараат начин за да докажат дека дуелот Вартекс - Задар е "наместен" за обложувалници и тоа со точен резултат 5:2. Во сета таа хајка која се води против двата клуба вчера жртва беше нашиот фудбалер Горан Тодорчев, кој ги брани боите на Осиек. Наводно тој уште во петокот се јавил на своите пријатели во Македонија каде им рекол дека средбата е "наместена" за точен резултат 5:2 и "7+" на голови.
Интернет изданието на "Индекс" вчера бомбастично најави дека Тодорчев го знаел резултатот уште во петокот и дека тој е главната причина поради која многумина во Македонија добро заработите на сомнителниот меч од шампионатот на Хрватска.
Тодорчев стана жртва на популарните "блогери" од двете земји каде наводно е пробиен неговиот "разговор" на "скајп" или "месинџер":
"Едно момче Тодорчев, кој игра во Осиек, уште во петкот ни јави дека ќе биде 7+ на голови", вака се фалеа "блогерите" од Македонија кон оние во Хрватска каде стои дека многумина во нашава земја многу добро заработиле на дуелот Вартекс - Задар. Сето тоа го проби "Индекс", кој го објави текстот на разговорот (наводно на Тодорчев со некој пријател).
Се споменува дека фудбалерот на Осиек на истите свои пријатели им кажал дека ќе победат и против Хајдук на "Пољуд".
Хрватските медиуми на големо бараат нови жртви и докази за дуелот во Вараждин. Има најави дека многу обложувалници од Б и Х Хрватска, Романија и Србија имале црн викенд токму поради оваа средба. Сега се споменува и за Македонија:
"Ја блокиравме уште во саботата рано наутро. Многу играчи беа растрчани по градов и бараа начин како да уплаќаат на точен резултат 5:2 и на голови 7+. Среќа имаа само оние кои тоа го направија во петокот. Тука, во Македонија, нема голем удар за обложувалниците затоа што тој натпревар беше брзо повлечен од понудата каде за 7+ ние имавме коефициент 15", коментра службеник кој работи во една од скопските обложувалници кој сакаше да биде анонимен за јавноста.
За медиумите во Хрватска луѓето од двата клуба остро ги демантираат најавите дека натпреварот бил "наместен", а во Скопје многумина во понеделникот ги триеја рацете и се фалеа дека добро заработиле.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|