среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ "ИЗБРИШАН" И ОД ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Вардар не доби лиценца за Европа

Најтрофејниот македонски клуб нема да има право на настап во годинашниве натпревари од Интер-тото купот, барем според првичната одлука на Лиценцната комисија при ФФМ за неиздавање европска дозвола за "црвено-црните".

На својот состанок во понеделникот Лиценцната комисија, во состав Пеливанов, Јаневски, Лазаров, Бејта, Миралајски и Петрунов, како што се истакнува на интернет страницата на ФФМ, согласно членовите 11, 31 и 51 од Правилникот за лиценцирање донесе одлука да не издаде лиценца на ФК Вардар.

Сепак, од таборот на "вардарците" истакнуваат дека уште денеска ќе ја обжалат првичната одлука, бидејќи се работи само за мало недоразбирање околу финансискиот извештај за 2006/2007 година, па во текот на денешниот ден се очекува ФК Вардар да ја добие неопходната дозвола за европски настап.

"Проблемот е настанат поради финансискиот извештај за 2006/2007 година. Меѓутоа веќе се договорени сите детали со компанијата која ги изработува извештаите. Беше неопходно да се платат 20.000 евра. Проблемот е надминат, и веќе во текот на утрешниот ден (н.з денеска) очекуваме да ја добиеме лиценцата", ни изјавија вчера од раководството на "црвено-црните".

Како што е познато, тимот од "Градски" и минатата година на првиот состанок на Лиценцната комисија не доби дозвола за европски настап, меѓутоа подоцна по поднесувањето жалба и докомплетирањето на документацијата доби лиценца за настап на натпреварите од Купот на УЕФА.

Инаку, на седницата на Лиценцната комисија при ФФМ, пак, издадени се лиценци за натпреварувањата во организација на УЕФА на Работнички К и на Милано.

Како четвртопласиран тим во домашниот шампионат, пред крајот на последните две кола "вардарците" имаат обезбедено место во Интер-тото купот, меѓутоа доколку не ја добијат неопходната лиценца нивното место ќе го заземе екипата на Ренова. Ренова заедно со Пелистер добија лиценци за настап во Европа на претходниот состанок на Лиценцната комисија, а беа одбиени барањата на Победа и Македонија ЃП.


Наjновo од Спорт
Детроит во финалето на источната конференција
Вардар не доби лиценца за Европа
Тодорчев жртва за "наместен" меч!!!
Покер - "романтичари" заминуваат во јуни
Робињо во Реал до 2014 година ?
Хјуит може да ги пропушти и Ролан Гарос и Вимблдон
Да се биде или не!!!
Малдини: Би можел да играм уште една сезона
Опасниот Зенит Vs. трпеливиот Глазгов Р.
Интер нуди 32 милиони евра за Ето
Ристовски не играше поради повреда
Пандев заврши со Лацио!?
Португалецот посакува 50 погодоци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи