
|
 |
Спорт / Фудбал
Барса за Кака понуди цело богатство
Барселона е подготвена со мега-понуда да се обиде на "Ноу Камп" да го донесе главниот организадор на играта на екипата на Милан, Бразилецот Кака. Според шпанскиот весник "Спорт", Каталонците се договориле да истапат пред Милан со понуда тешка 20 милиони евра, а во која како подарок плус за "росонерите" би биле Роналдињо и Ѕамброта.
Претседателот на каталонците, Хуан Лапорта, е подготвен да се бори за потписот на Кака затоа што на тимот ова лето ќе му биде потребен еден мега-трансфер. Ова Лапорта мора да го направи, се со цел да ја врати самоувереноста кај тимот и неговите фанови. Засега нема одговор на најавата од страна на Милан. Тие воопшто не најавија дека размислуваат за било каква понуда за нивната најголема ѕвезда во тимот, но знаејќи дека се интересираа за Роналдињо, останува да се види дали ќе можат да прифатат еден ваков "дил" со Барса.
Веќе неколку месеци Милан преговараше за трансфер на Роналдињо на "Сан Сиро", но разговорите пропаднаа откако Барцелона побара астрономска сума за годинава "мизерниот" Бразилец. Италијанските медиуми констатираат дека "росонерите" имаа ужасна сазона, па оттука на тимот му требаат многу промени. Парите и Роналдињо и Ѕамброта би можеле одлично да делуваат на состојбата на тимот во пресрет на новата сазона.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|