четврток, 15.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

"Флертував" со Милан и би сакал таму да играм

Фудбалерот на Челзи, Дидие Дрогба изјави дека е подготвен да си го реализира трансферот од сништата во редовите на Милан и во склоп на неговата неодамна објавена автобиографија како да соопшти дека порано флертувал со "росонерите" по што дошол во опасност да си го загрози односот со тренерот Жозе Мурињо.

Според Дрогба, и тој како и многу други фудбалери сонувал да настапува за Милан. Тој пред две години им рекол на Паоло Малдини и Адријано Галијани дека имал желба да настапува за "росонерите" и дека тоа би се остварило во оној момент кога Челзи ќе реши да го ослободи од обврските. Веќе следното утро челниците на "сините" биле телефонски контактирани од страна на "росонерите", а Мурињо бил исклучително разочаран од односот на Дрогба и преговорите кои ги водел без негово знаење.

Инаку, како што во моментов стојат работите, Дрогба и Мурињо би можеле повторно да се обединат, но овој пат во редовите на Милан бидејќи, како што се наведува во некои извештаи, веќе е подготвен тригодишен договор од Милан за напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, а и Мурињо се споменува како потенцијална замена за Анчелоти на "црвено-црната" клупа.


Наjновo од Спорт
"Флертував" со Милан и би сакал таму да играм
Барса за Кака понуди цело богатство
Зенит триумфираше во Купот на УЕФА
Детроит во финалето на источната конференција
Вардар не доби лиценца за Европа
Тодорчев жртва за "наместен" меч!!!
Покер - "романтичари" заминуваат во јуни
Робињо во Реал до 2014 година ?
Малдини: Би можел да играм уште една сезона
Опасниот Зенит Vs. трпеливиот Глазгов Р.
Интер нуди 32 милиони евра за Ето
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи