
|
 |
Спорт / Фудбал
Недвед уште година на "Деле Алпи"
Фудбалерот од средината на теренот на Јувентус, Павел Недвед потпиша нов едногодишен договор со кој останува во клубот до 30 јуни 2009 година. Чешката ѕвезда се договори со спортскиот директор на Јуве, Жан-Клод Блан и на тој начин продолжува да му биде верен на клубот во кој е од 2001 година, кога потпиша договор вреден 63,5 милиони долари. Тој беше избран за фудбалер на годината во Италија за 2003, а досега има настапено на 282 натпревари во Серија А, при што има реализирано 58 погодоци.
"Зад мојата одлука стои фактот дека проживеав седум неверојатни години во Торино и желбата барем уште една сезона да доживеам дел од истите, особено што тимот за кој сум приврзан повторно е дел од европската елита. Во оваа пригода би сакал да им заблагодарам на навивачите за топлината со која ме примија, на моите соиграчи за почитта која ја изразија кон мене последниве денови и воедно кон клубот кој никогаш не престана да ми изразува доверба", рече Недвед, кој му помогна на Јувентус да стигне до финалето на Лигата на шампионите во 2003 година, но поради жолти картони го пропушти завршниот дуел со Милан, кој славеше на пенали.
"Потпишувањето со Недвед е првиот значаен чекор со кој се гради нашиот тим за идната сезона. Павел има испишано исклучително значајни страници во историјата на Јувентус и ќе продолжи да го води тимот со својот карактер и искуство. Неговото искуство, класа и детерминација во играта се сигурност за неговите соиграчи, менаџерот и навивачите", изјави Блан за ведетата на "Старата дама".
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|