
|
 |
Спорт / Фудбал
Мора да има засилувања "Овој состав покажа квалитет, но без нови имиња нема да можеме да направиме успех", вели Неџат Хусеин
Пелистер годинава ја игра најдобрата сезона во нашата најдобра фудбалска лига. На две кола до крајот битолчани се зацврстија на третата позиција обезбедувајќи сигурен пласман во Купот на УЕФА. Иако одиграа неколку одлични натпревари против Работнички К, Вардар, Милано, сепак битката на евросцената е сосема нешто ново и ќе мора да има "освежувања" во играчкиот кадар. Кормиларот на Пелистер, Неџат Хусеин, вели дека овој тим има квалитет, но за да се помине барем првото коло ќе треба да има две до три екстра засилувања, особено во средниот ред.
"Сега сме мирни на табелата и слободно можеме да размислуваме како ќе се претставиме во Купот на УЕФА. Мислам дека Пелистер реално може да го помине првото коло, но за тоа ќе мора да има засилувања, особено во средниот ред. Овој состав има квалитет, но далеку посилни се екипите кои ќе ни бидат противници во ова натпреварување, за разлика од тимовите од домашното првенство. Се ќе зависи од нас и од тоа како ќе се подготвиме", вели кормиларот на битолчани Неџат Хусеин, кој додава дека веќе од понеделник идната недела сериозно ќе се размислува за потенцијалните засилувања.
"Ќе оставиме малку простор да уживаме во пласманот во Купот на УЕФА, а веќе од понеделник ќе се фатиме за работа. Идната недела ќе се разгледуваат можностите за засилувањата кои ќе треба да помогнат да стигнеме што подалеку", потенцираше стратегот на Пелистер.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|