
|
 |
Спорт / Фудбал
Платини: Потребна е Балканска лига!!! "Сите федерации од тој регион сакаат силна лига", коментира французинот
УЕФА планира да формира Балканска лига. Тоа го обелодени првиот човек на оваа организација, Мишел Платини, за весникот "Спорт Билд". Веста вчера ја обелоденија многу интернет изданија, а во изјавата познатиот фудбалски ас вели:
"Интересен е предлогот да се формира силна лига во тој регион. Има решителност од страна на сите федерации и мислам дека многу брзо ќе се најде решение за формирање на Балканската лига".
Платини во своето интервју докажа дека знае за Вардар. Тој го спомена нашиот најголем клуб во своето интервју каде спомена:
"Додека постоеше Југославија на натпреварите меѓу Динамо Загреб и Црвена Звезда имаше по 60.000 гледачи, а Вардар и Партизан играа пред 40.000 гледачи", се зборовите на Платини.
Иницијативата за создавање на Балканска лига трае многу долго. Уште во првите години по распадот на СФРЈ големите клубови почнаа да жалат за поранешното силно натпреварување на кое имаше полни стадиони, а не како сега кога во сезоната големите стадиони се полнат по двапати во една година.
Според сите шеми Вардар би требало да биде единствениот клуб кој би ја претставувал Македонија во новата Балканска лига.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|