петок, 16.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Фердинанд на Олд Трафорд до 2013 година

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд вчера потпиша нов договор со својот клуб според кој на Олд Трафорд ќе остане до 2013 година. Со други зборови, тоа значи дека Фердинанд ќе остане во актуелниот англиски првак до крајот на својата кариера бидејќи по истекот на договорот ќе има 35 години.

"Манчестер Јунајтед е неверојатен клуб и јас сум воодушевен што ја продолжив соработката со него. Голема чест за мене е што сум дел од една шампионска генерација која, сигурен сум, ќе освои уште голем број трофеи во следните сезони. Би сакал да му се заблагодарам на менаџерот, на стручниот штаб и на навивачите за прекрасната поддршка што ми ја даваат уште од моментот кога дојдов овде", изјави пресреќниот Фердинанд.

Во еден период од својот престој на Олд Трафорд, англискиот репрезентативецот беше извиркуван од навивачите на Јунајтед поради тоа што не сакаше да го продолжи договорот со клубот и најавуваше заминување, но сега тоа е минато и тој е еден од најзаслужните за одбраната на титулата на "Црвените ѓаволи". Во англискиот првак дојде во 2002 година и оттогаш освои три титули во Премиер-лигата, една во Карлинг-купот и две во Супер-купот на Англија. Работата околу новиот договор е завршена на една недела пред финалето од Лигата на шампионите каде Манчестер ќе се сретне со Челзи и ќе се обиде да стигне до третата титула во својата клупска историја.




Наjновo од Спорт
Фердинанд на Олд Трафорд до 2013 година
Лејкерс и Селтикс стигнаа до третата победа
Политичари во копачки!
Платини: Потребна е Балканска лига!!!
Мора да има засилувања
Струмица "преживеа", наградата е финале број 2
Продолжува низата на Детроит
Недвед уште година на "Деле Алпи"
"Флертував" со Милан и би сакал таму да играм
Барса за Кака понуди цело богатство
Зенит триумфираше во Купот на УЕФА
Вардар не доби лиценца за Европа
Тодорчев жртва за "наместен" меч!!!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи