понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Спорт / Фудбал

Спортинг Лисабон го "мерка" Васоски!!!
Доколку тренерот Функел остане во Ајнтрахт тоа ќе биде лош знак за нашиот дефанзивец кој веќе размислува на нова клупска средина

Во летниот преоден рок Александар Васоски би можел да го замени дресот на Ајнтрахт Франкфурт со оној на Спортинг од Португалија. Познатиот клуб од Лисабон пројавил интерес за нашиот дефанзивец па затоа скаути од Португалија денеска ќе го гледаат дуелот Ајнтрахт - Дуизвбирг, а потоа и средбата Македонија - Полска во Ројтлинген. Нашиот дефанзивец е подготвен да замине од Франкфурт затоа што тој ја загуби довербата кај тренерот Функел и цела пролет е на клупата, а пред тоа имаше долга пауза поради повреда.

"Сакам да играм. Ако има некоја конкретна и добра понуда би ја сменил клупската средина. Посакувам да останам во Германија", кусо и без директен одговор околу Спортинг Лисабон коментираше нашиот репрезентативец.

Васоски пред 3 години од Вардар замина во Ајнтрахт каде имаше одлични настапи за тимот од најдобрата лига на Германија. Следеше лошата повреда паузата и загубата на првотимскиот статус.

Кога сме кај Спортинг вреди да се напомене дека контактите се веќе се остварени меѓу двата клуба, а за отштета Ајтнтрахт бара цифра од 800.000 евра. Покрај Спортин интерес за Васоски имало и од белградски Партизан, кој го бара нашиот фудбалер за настапите во квалификациите од Лигата на шампионите а меѓу останатите клубови во шема се Келн и Хофенхајм.


Наjновo од Спорт
Олимпик Лион на "седмо небо"
Хакинен мораше да бега од запалената куќа
Сопруга на агент на МИ5 е една од проститутките на Макс!
Вардар го одбрани Куп-трофејот
Портсмаут со пехар по речиси седум децении
Збогување со Кан, Хицфелд и Мерк
Нирнберг испадна, Вердер во групите од ЛШ
Стрелците на Катанец во зимски сон
Спортинг Лисабон го "мерка" Васоски!!!
Шевченко во "врска" со Фенербахче
Леман:"Голманите во Англија не се многу бистри"
Фердинанд на Олд Трафорд до 2013 година
Политичари во копачки!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи