недела, 18.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Стрелците на Катанец во зимски сон
Мазнов, Наумоски, Ристиќ и Стојков без ниту еден гол во оваа 2008 година влегуваат во дуелот со Полска. Само Пандев со позитивен голгетерски биланс

Многу "нули" зад голгетерите на Среќко Катанец. Фудбалерите од нападот кои се на неговиот список како се уште да се наоѓаат во зимски сон. За Горан Мазнов, Илчо Наумоски, Ацо Стојков и Стевица Ристиќ ова е лоша пролет во која не дадоа ама баш ниту еден гол на првенствените средби за своите клубови. Единствен кој заслужува преодна оценка е Горан Пандев, кој го сруши својот личен рекорд на голови за една сезона во Серија А, но добар беше и капитенот Гоце Седлоски, кој иако игра во дефанзивата оваа пролет даде 3 голови за својот Матерсбург.

Сепак, клуб е едно а репрезентација е друго. Квартетот Мазнов, Наумоски, Ристиќ, Стојков ќе имаат шанса да се подобрат на 26 мај во Ројтлинген каде нашиот национален тим го игра тестот со Полска. Мазнов можеби не даде гол за Томск, но затоа, пак, ни донесе реми во Зеница при оној лош меч со Б и Х на кој тој беше стрелец на двата гола за 2:2.

В последно време од репрезентативците во гол серија се најде Влатко Гроздановски. Тој се препороди по заминувањето во Војводина па така сега редовно се запишува и во листата на стрелците.

Претстојниот дуел со Полска е одлична шанса Катанец да види до каде е формата на неговите главни адути од нападот. Можеби ќе беше многу попаметно доколку селекторот за време на пролетната сезона обрнеше многу повеќе внимание на фудбалерите. Сите селектори одат во посети на клубовите за кои играат фудбалерите, контактираат со играчите, нивните тренери... но ете Катанец не практикува таков начин на работа па неговиот ефект од сработеното ќе се види веќе во септември по пресудните квалификациски средби со Шкотска и Холандија на "Градски". А до тогаш се очекува главните "бомбардери" да проработат, но според најавите многумина од нив летово ќе ги сменат клупските средини, ќе налетаат на нов предизвик. Пандев, Мазнов, Наумоски, Ристиќ, Стојков. Тоа е петорката која заслужено ја добива шансата од Катанец затоа што станува збор за добрио играчи, добри голгетери. Имаа солиден ефект на минатите квалификации, но од нив сега се очекува делку повеќе, далеку подобро и што е можно повеќе голови.


Наjновo од Спорт
Македонските одбојкари поразени од Франција
Хамилтон со дијаманти, Мозли не е пожелен ниту во Монако
Стрелците на Катанец во зимски сон
Спортинг Лисабон го "мерка" Васоски!!!
Анен беше "најдобрата во својата генерација"
Шевченко во "врска" со Фенербахче
Леман:"Голманите во Англија не се многу бистри"
Фердинанд на Олд Трафорд до 2013 година
Политичари во копачки!
Платини: Потребна е Балканска лига!!!
Мора да има засилувања
Недвед уште година на "Деле Алпи"
"Флертував" со Милан и би сакал таму да играм
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи