
|
 |
Спорт / Фудбал
Нирнберг испадна, Вердер во групите од ЛШ
Минатогодишниот освојувач на Купот на Германија, Нирнберг, идната сезона ќе се натпреварува во Втората лига на оваа земја бидејќи во саботата претрпе пораз од Шалке на домашен терен и не успеа да ја надмине негативата од два бода во однос на Арминија што ја имаше пред ова коло. На баварскиот тим му беше потребна победа над Шалке, кој се бореше за второто место на табелата, но мораше и Арминија да загуби на гостувањето кај веќе поранешниот првак Штутгарт за и идната сезона да се натпреварува во елитната германска лига. Многу работи беа јасни по само 20 минути игра бидејќи во тие моменти Арминија водеше на Готлиб Дајмлер, а Нирнберг имаше негатива од 1:0 по голот на капитенот на гостинскиот тим Бордон. До крајот на средбата истиот фудбалер постигна уште еден гол, па Нирнберг заврши на 16. позиција на табелата иако во Штутгарт конечниот резултат беше нерешен.
"Пресреќни сме што успеавме да обезбедиме опстанок во лигата иако пред еден месец многумина не прежалија. Им честитам на фудбалерите и на навивачите за поддршката што ни ја даваа кога ни беше најтешко", еуфорично изјави тренерот на Арминија, Михаел Фронцек.
Интересно беше и во борбата за второто место на табелата кое води во фазата по групи од Лигата на шампионите. На Вердер му беше доволен и еден бод за да ја освои оваа позиција, но благодарение на погодокот на Маркус Розенберг на десетина минути пред крајот стигна до победата, па така триумфот на Шалке во Нирнберг немаше никакво значење за тимот од Гелзенкирхен.
"Среќни сме поради победата, но и поради целата оваа сезона која за нас беше прекрасна. Второто место е фантастичен успех бидејќи почнавме многу лошо, а за противник имавме фантастичен тим како Баерн", рече тренерот на Вердер, Томас Шаф.
Со убедливата победа од 7:0 Хамбургер се прости од својот тренер Хуб Стевенс, но и обезбеди пласман во Купот на УЕФА откако во првиот дел од сезоната му беше најголем конкурент на Баерн за шампионската титула. Заедно со Хамбургер, во Купот на УЕФА ќе игра и Волфсбург, кој забележа сигурна победа на гостувањето во Дортмунд.
РЕЗУЛТАТИ:
БАЕР - ВЕРДЕР 0:1
Розенберг 80'
ХАНОВЕР - КОТБУС 4:0
Бругинк 24', Штајнер 45', Бергантин 59', Балич 90'
БОХУМ - ХАНЗА 1:2
Маврај 36' - Керн 40', Бартелс 77'
НИРНБЕРГ - ШАЛКЕ 0:2
Бордон 20', 61'
ШТУТГАРТ - АРМИНИЈА 2:2
Гомез 75' (п), Фишер 85' - Теше 10', Ајглер 87'
ХАМБУРГЕР - КАРЛСРУЕ 7:0
Ван дер варт 23' (п), Гереро 35', 43', 49', Троховски 57', Олиќ 78', 89'
БАЕРН - ХЕРТА 4:1
Тони 3', 28', 60', Рибери 33'
БОРУСИЈА - ВОЛФСБУРГ 2:4
Фреј 25', 69' - Рајтер 3', Марселињо 6', Шефер 62', Графит 77'
АЈНТРАХТ - ДУИСБУРГ 4:2
Аманатидис 13', Фенин 17', 38', Хелер 78' - Никулеску 59', Даун 86'
ТАБЕЛА:
1. Баерн 34 22 10 2 68:21 76
2. Вердер 34 20 6 8 75;45 66
3. Шалке 34 18 10 6 55:32 64
4. Хамбургер 34 14 12 8 47:26 54
5. Волфсбург 34 15 9 10 58:46 54
6. Штутгарт 34 16 4 14 57:57 52
7. Баер 34 15 6 13 57:40 51
8. Хановер 34 13 10 11 54:56 49
9. Ајнтрахт 34 12 10 12 43:50 46
10. Херта 34 12 8 14 39:44 44
11. Карлсруе 34 11 10 13 38:53 43
12. Бохум 34 10 11 13 48:54 41
13. Борусија 34 10 10 14 50:62 40
14. Котбус 34 9 9 16 35:56 36
15. Арминија 34 8 10 16 35:60 34
16. Нирнберг 34 7 10 17 35:51 31
17. Ханза 34 8 6 20 30:52 30
18. Дуисбург 34 8 5 21 36:55 29
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:
24 гола - Лука Тони (Баерн); 19 гола - Марио Гомез; 15 гола - Кевин Курањи (Шалке); 14 гола - Маркус Розенберг (Вердер); Ивица Олиќ (Хамбургер);
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|