
|
 |
Спорт / Фудбал
Збогување со Кан, Хицфелд и Мерк
Дуелот на Алијанц арената меѓу Баерн и Херта почна во свечена атмосфера поради дури три простувања. Последниот натпревар во кариерата го одигра легендарниот капитен на баварскиот клуб Оливер Кан, Отмар Хицфелд од денеска повеќе не е тренер на Баерн и од 1 јули ќе ја преземе швајцарската репрезентација, а и Маркус Мерк му кажа збогум на активното судење.
Најголеми овации доби Оливер Кан, кој во последните моменти од мечот го напушти теренот и беше сменет и на негово место на голот застана Михаел Ренсинг. Кан беше член на Баерн од 1994 година и за оваа екипа одигра вкупно 428 бундеслигашки натпревари и освои осум титули во првенството, по шест во купот и Супер-купот на Германија и по еден трофеј во Лигата на шампионите, Купот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп.
"Не можев повеќе да побарам во кариерата. Благодарен сум на моето тело што издржа толку време, па имав можност да се израдувам на најголемите успеси. Поминав 21 година на фудбалскиот терен и навистина ми беше прекрасно", изјави Кан на простувањето од своите навивачи.
Отмар Хицфелд се прослави на клупата на Баерн каде беше во два мандати иако и со Борусија Дортмунд освои една титула во Лигата на шампионите. Со Баерн беше европски првак во 2001 година, петпати стигна до трофејот во Бундес-лигата и трипати во Купот, а двапати беше прогласен и за тренер на годината во Германија.
"Кога почнав да плачам не можев да престанам. Јас сум многу емотивен човек и сите работи така ги преживувам. Ми беше прекрасно во сите овие години во Минхен и навистина жалам што дојде време за разделба. Единствено што ми беше тешко во Баерн беше поразот во финалето од Лигата на шампионите во 1999 година кога примивме два гола од Манчестер Јунајтед во самиот финиш", емотивно изјави Хицфелд.
Дуелот меѓу Баерн и Херта беше 339. за Мерк во Бундес-лигата. Еден од најквалитетните германски судии учествуваше на два Мундијали (2002 и 2006 година) и на две Европски првенства (2000 и 2004), а на последниот континентален шампионат го водеше и финалниот меч.
"Имав голема фудбалска кариера која траеше 25 години, од кои 20 во Бундес-лигата и 15 на меѓународна фудбалска сцена. Верувам дека донесов правилна одлука да ја завршам кариерата", рече Мерк.
На истиот натпревар признанието за најдобар стрелец во Бундес-лигата го доби напаѓачот на Баерн, Лука Тони, кој оваа сезона постигна 24 гола.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|