понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

ФА КУП - ФИНАЛЕ
Портсмаут со пехар по речиси седум децении

Фудбалерите на Портсмаут се победници во годинашното издание на англискиот ФА Куп и идната сезона ќе ја претставуваат Англија во Купот на УЕФА. За тимот од јужниот брег ова е прв трофеј по 1939 година, но и спречи второлигаш да дојде до трофејот.

Во финалниот натпревар што се одигра во саботата на Вембли, Портсмаут го совлада Кардиф со 1:0 благодарение на погодокот на нигерискиот интернационалец Нванкво Кану во 37. минута. И претходно, Кану имаше фантастична можност да му донесе победа на својот тим кога на прекрасен нажин се ослободи од еден противнички дефанзивец во шеснаесетникот на Кардиф и му избега на голманот Енкелман, но место да ја испрати топката во празната мрежа, шутираше покрај голот. Моментот на одлука дојде по една прекрасна акција на Џон Утака, кој се проби по десната страна и нафрли по земја пред голот на Кардиф. Голманот на второлигашот лошо реагираше, ја одби топката во нозете на Кану, кој пред неговите очи ја испрати во мрежата. Само неколку минути подоцна Глен Ловенс постигна гол за велшкиот клуб, но тој беше поништен поради офсајд.

Второто полувреме понуди уште повозбудлива игра. Кардиф играше офанзивно, ја контролираше топката, но се мачеше со создавање шанси за гол. Јунак на Портсмаут во овој период од мечот беше голманот Дејвид Џејмс, кој одбрани неколку поволни шанси на фудбалерите на Кардиф.

"Ова е најпрекрасниот момент во мојот живот. Го погодив дирекот во првиот обид, но потоа имав среќа и го совладав Енкелман. Овој трофеј во ФА Купот ми значи многу повеќе од сите што ги освоив со Арсенал бидејќи таму немав многу можност да играм", рече Кану, кој од навивачите на Портсмаут го доби прекарот "Крал".

Кардиф ја пропушти можноста на среќен начин да ја заврши разочарувачката сезона во која завршија на 12. позиција во Чемпионшип дивизијата. Во исто време велшкиот тим не успеа да стане првата екипа по Вест Хем во 1980 година што ја освоила титулата во ФА Купот, а не е член на Премиер-лигата.

ПОРТСМАУТ - КАРДИФ 1:0

Стрелец: Кану 37' (П)

Лондон. - Стадион: Вембли. Главен судија: Марк Дин. Гледачи: 89.874

ПОРТСМАУТ: Џејмс, Џонсон, Кембел, Дистен, Хрејдарсон, Утака (69' - Наџент), Мендес (78' - Диоп), Диара, Мунтари, Крањчар, Кану (87' - Барош).

КАРДИФ: Енкелман, МекНафтен, Џонсон, Ловенс, Капалди, Ледли, Ре (86' - Синклер), МекФеил, Витингам (61' - Рамзи), Пари, Хаселбенк (70' - Томпсон).

ХАРИ РЕДНАП:

Остварување на сонот

Емотивниот менаџер на Портсмаут, Хари Реднап, пехарот од ФА Купот и го посвети на својата сопруга Сандра. Веднаш по натпреварот од својот мобилен телефон тој се јави во нејзината омилена радиостаница Радио Солент и ја порача песната " Јуст тхе Њаѕ Ѕоу Аре" од Били Џоел.

"Ова е трофејот што ми недостасуваше во кариерата. Долго време сум во фудбалот, но немав ниедна титула и мислам дека сега и Господ ми помогна. Сакав да победам и заради мојата сопруга", изјави Реднап. Сандра пред неколку недели ја загуби својата сестра-близначка Пем Лампард, мајка на фудбалерот на Челзи, Френк, која почина по тешкото воспаление на белите дробови.

Во продолжение, Реднап се осврна и на натпреварот.

"Кардиф беше одличен противник, направи голем притисок врз нас и ни создаде многу проблеми, но одбраната на мојата екипа беше фантастична. Сакам да го истакнам Дејвид Џејмс, кој сега е легенда на клубот затоа што го предводеше до првиот трофеј по 69 години", додаде Реднап.


Наjновo од Спорт
Портсмаут со пехар по речиси седум децении
Збогување со Кан, Хицфелд и Мерк
Нирнберг испадна, Вердер во групите од ЛШ
Македонските одбојкари поразени од Франција
Хамилтон со дијаманти, Мозли не е пожелен ниту во Монако
Стрелците на Катанец во зимски сон
Спортинг Лисабон го "мерка" Васоски!!!
Шевченко во "врска" со Фенербахче
Леман:"Голманите во Англија не се многу бистри"
Фердинанд на Олд Трафорд до 2013 година
Политичари во копачки!
Платини: Потребна е Балканска лига!!!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи