
|
 |
Спорт / Фудбал
Олимпик Лион на "седмо небо"
Фудбалерот на сезоната во Франција и воедно најдобар стрелец во тукушто завршениот шампионат, Карем Бензема уште по само 23 секунди на гостувањето во Оксер ја најави седмата едноподруго шампионска прослава на Олимпик Лион. Со победата од 3:1 Лион ја доби борбата со Бордо за титулата и стана убедливо најуспешниот тим по бројот на освоени едноподруго титули во низа во петте европски првенства.
"Мисијата е остварена. Ја имам сатисфакцијата од одлично завршената работа и тоа чувство веројатно ќе остане. Но, што се однесува до мојата иднина во редовите на Лион, немам одговор за тоа, иако сум под договор", изјави тренерот Алан Перин, кому ова му беше прва сезона во дресот на Лион, а ќе има можност да ја донесе и двојната круна на "Жерлан" со оглед на тоа што му преостанува финалето на францускиот Куп против екипата на Пари Сен Жермен.
Конкурентот за трофејот не успеа да слави на визитата кај Ленс одигрувајќи 2:2, со што го турна овој тим кој беше шампион пред 10 години, во Втората лига на оваа земја, а навивачите беа бесни и својот револт го изразија со преплавување на теренот со различни предмети. Во трката за третото место екипата на Олимпик Марсеј славеше над Стразбур и се пласираше во Лигата на шампионите, на сметка на составот на Нанси, кој прокоцка златна шанса на домашен терен, губејќи од Рен со 3:2 и не успеа да го забележи најдобриот пласман во клупската историја.
РЕЗУЛТАТИ:
СОШО - ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН 1:2
Ндав 73' - Диане 22', 81'
ЛЕНС - БОРДО 2:2
Монтерубио 70' (п), Маулида 85 - Кавенаги 65, Белион 83
СЕНТ ЕТЈЕН - МОНАКО 4:0
Гома 4', 7, Дернис 33', Феиндуно 80'
ОКСЕР - ЛИОН 1:3
Бензема 2', Фред 9', Калстром 53' - Томас 78'
ТУЛУЗ - ВАЛЕНСИЕН 2:1
Матју 4', Сирие 74' - Одел 37'
ЛОРИЕН - ЛИЛ 1:1
Саифи 43' - Бастос 53'
МАРСЕЈ - СТРАЗБУР 4:3
Нианг 7', Сисе 45', 80' Насри 45' - Фанконе 11', Гамеиро 19', Зенке 75'
МЕЦ - ЛЕ МАН 4:3
Барбоса 3', Пјаниќ 13', Геје 33', Деломе 80' - Мело 51', Котедор 55', Сесењон 83'
НАНСИ - РЕН 2:3
Нтсаји 7', Луис 54' - Мбија 37', Пажис 47', 57'
НИЦА - КАЕН 3:1
Хелебујк 25', Едерсон 57', Коне 84' - Тудик 45'
ТАБЕЛА:
1. Лион 38 24 7 7 74:37 79
2. Бордо 38 22 9 7 65:38 75
3. Марсеј 38 17 11 10 58:45 62
4. Нанси 38 15 15 8 44:30 60
5. Сент Етјен 38 16 10 12 47:34 58
6. Рен 38 16 10 12 47:44 58
7. Лил 38 13 18 7 45:32 57
8. Ница 38 13 16 9 35:30 55
9. Ле Ман 38 14 11 13 46:49 53
10. Лориен 38 12 16 10 32:35 52
11. Каен 38 13 12 13 48:53 51
12. Монако 38 13 8 17 40:48 47
13. Валенсиен 38 12 9 17 42:40 45
14. Сошо 38 10 14 14 33:41 44
15. Оксер 38 12 8 18 33:52 44
16. ПСЖ 38 9 13 16 37:45 43
17. Тулуз 38 9 15 14 36:42 42
18. Ленс 38 9 13 16 43:52 40
19. Стразбур 38 9 8 21 34:55 35
20. Мец 38 5 9 24 28:64 24
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:
20 гола - Бензема (Лион); 18 гола - Нианг (Марсеј); (Бордо), Сисе (Марсеј), Гома (Сент Етјен), 15 гола - Кавенаги
*Лион е нов првак на Франција и заедно со Бордо, следната сезона ќе игра во групите на Лигата на шампионите, додека Марсеј ќе почне од третото квалификациско коло.
*Екипите на Нанси, Сент Етјен и Лил ќе настапуваат во Купот на УЕФА
*Од лигата испаѓаат Мец, Стразбур и Ленс, а нови прволигаши се Авр, Нант и Гренобл
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|