Спорт / Фудбал
Судиите им ја доделија титулата на Интер
 Фудбалерот на Рома, Даниеле де Роси изјави дека Интер ја освои титулата само поради помошта од судиите.
"Можеби звучам огорчено, но нема да заборавам дека во двата месеци во кои Интер ги имаше своите тешкотии, тие победија на неколку средби на начин на кој сите го видоа. Не сакав да го спомнам ова пред последниот натпревар во Парма, но мислам дека ние игравме најдобро. Тоа се моите гледишта за оваа сезона.
Му благодарам на Станковиќ за комплиментите, но лесно е да дадеш комплименти кога победуваш. Мене не ми е лесно да им дадам комплименти, особено поради начинот на кој тие победија".
|