
|
 |
Спорт / Фудбал
Златан "златен" за шампионско славење на Интер
Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ на феноменален начин го прослави враќањето на фудбалските терени по пауза од седум недели постигнувајќи ги двата шампионски погодока за тимот на Интер, кој славеше на гостувањето во Парма, и на тој начин ја регистрираше својата 16. титула шампион на Апенините. Ибро влезе како резерва на "Енио Тардини" и практично го препороди својот тим, кој иако имаше шанси, немаше фудбалер за реализација на иницијативата. Сето тоа се смени кога на дождливиот терен на "млекарите" стапна Златан, кој со два прецизни удари со левата нога ги разреши дилемите околу новиот првак и екипата која ќе испадне од Првата лига. На тој начин "нероазурите" ја одбранија титулата, а воедно се спасија од тотален колапс и буквално "продавање" на пехарот, особено што Интер во февруари имаше предност од 11 бодови во однос на Рома. Воедно, Интер пресуди и во битката за опстанок, во која преживеа составот на Катанија, а во Втората лига се сели тимот на Парма, кој во пресрет на ова коло имаше два бода помалку од опонентот на "волчицата". Римјаните одиграа само 1:1 во Катанија, иако прашање е дали ќе имаше опуштање во гостинските редови доколку резултатот во Парма беше поинаков, особено што сите на стадионот со половина мисли беа на "Енио Тардини".
"Сите можат да н$ мразат, но ние сме најдобри, иако ни беше тешко, особено последниот месец и половина. Сите можат да не мразат и да измислуваат приказни за да не омаловажат, но ние сме најдобри. Ü честитам на екипата на Рома, која играше спектакуларен фудбал и веруваше во подвиг до самиот крај, но не е никаква коинциденција што Интер се наоѓа на врвот од табелата веќе две години", изјави Дејан Станковиќ.
Во трката за четвртото место "извиси" екипата на Милан, иако во ова коло го демолираше Удинезе. "Росонерите" својата шанса за место во Лигата на шампионите ја прокоцкаа минатата недела кога загубија од Неапол, а овој пат немаа идеална помош од фудбалерите на Торино, кои, пак, немаа сили да и се спротивстават на мотивираната Фиорентина, која добива раритетна можност да се натпреварува во пребогатото континентално друштво. Останатите натпревари немаа никакво натпреварувачко значење, па последното коло донесе вкупно 32 погодоци.
Занети: Мило ми е што созреавме
Капитенот на Интер, Хавиер Занети, верува дека неговата екипа покажала голема сериозност и многу му е мило што ги надмина сите критизирања и тешкотии.
"Мило ми е што екипата покажа голема зрелост. Мислам дека не ни помислувавме дека би можеле да ја загубиме титулата. Нормално, имаше грижи бидејќи Рома играше одлично во текот на целата сезона и заслужува само пофалби, но Интер докажа дека е најдобар тим. Во текот на последните неколку недели апсолутно се беше подредено на тоа да не исфрли од колосек, но мислам дека не дозволивме и се разбира среќни сме поради тоа", вели Аргентинецот.
Галијани: Погледите ни се свртени кон идното "скудето"
Претседателот на Милан, Адријано Галијани, изјави дека во клубот постои извесно разочарување поради скромната сезона за ланскиот европски шампион, но и дека Милан би требало на тоа да одговори со сиот свој сјај во идното првенство.
"Голема штета што е што не влеговме во Лигата на шампионите и што сезонава ја завршивме со горчлив вкус. Сепак, тоа е само потстрек за следната сезона, кога ќе имаме можност за далеку поголема посветеност на освојување на 'скудетото'. Низ текот на првенството имавме многу проблеми, но силата на клубот не е допрена и покрај тоа што постои разочарување што ќе играме во Купот на УЕФА".
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|