
|
 |
Спорт / Фудбал
Репрезентативците се собираат во Штутгарт
Најдобриот наш национален состав преку собирот на репрезентативците денеска во Германија ги почнува неколкудневните подготовки пред пријателскиот натпревар со Полска кој на 26 мај ќе го играме во Ројтлинген.
Според програмата на селекторот Среќко Катанец, 20-те избраници денеска до 12 часот треба да се јават во хотелот "НХ" во Штутгарт каде ќе биде нашата тренинг база до пријателската средба.
Од Скопје за Штутгарт веќе отпатуваа членовите на стручниот штаб заедно со двајцата домашни фудбалери, голманот Дарко Тофиловски (Победа) и дефанзивецот Даниел Мојсов (Македонија ЃП).
"Овие подготовки ни се исклучиво значајни за тоа што нe очекува во квалификациите за СП 2010 од септември. Целта е пред сe да бидеме заедно. Најважно ни е како ќе одиграме со Полјаците без некој резултатски императив", истакна селекторот Катанец при соопштувањето на списокот на фудбалери.
Во нашиот стручен штаб пред денешниот прв собир немаше најави за откажување или повредени играчи.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|