
|
 |
Спорт / Фудбал
Време е Роналдињо да си замине
Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта изјавил дека Роналдињо ќе мора да го напушти “Ноу Камп” со цел да ја оживее својата кариера.
“На Роналдињо му е потребен нов предизвик. Кога еден циклус ќе се приближи до својот крај, нормално е на површина да излезат и некои проблематични детали. Би сакал Роналдињо да го испратиме на примерен начин и да остане запаметен по она што го направи за нас.” – рекол Лапорта.
Лапорта признал дека би можело да биде тешко да се најде клуб на кого Барселона ќе му го продаде 28-годишниот Бразилец, кој оваа сезона имаше неколку повреди и започна во стартниот состав само 13 од 38 првенствени мечеви. Последниот натпревар Роналдињо го одигра против Виљареал на 9-ти март, а по тоа се пожали на болки во мускулот на десната нога и од тогаш не играше.
Најголем интерес за Роналдињо покажа Милан, а неговиот брат Роберто де Асис со претставници на италијанскиот клуб ги договори личните детали од договорот, но Милан не сакаше да ја плати побараната отштета од Барселона и тој договор пропадна.
Лапорта открил и дека во клубот одлучиле по прекин на соработката со Франк Рајкард да ја отфрлат и можноста за ангажман на Португалецот Жозе Мурињо, од причина што сметаат дека тој не е калибар на тренер кој му одговара на клубот од “Ноу Камп”.
“Одлучивме ако Франк не продолжи, да го назначиме Гвардиола, бидејќи ја поседува потребната скромност. Не размислуваме за тренери како Жозе Мурињо и Рафаел Бенитез. Тие се одлични стратези, но не и за Барселона.” – додал Лапорта.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|