
|
 |
Спорт / Фудбал
Лотито: "Пандев е недопирлив!!!"
Ќе биде пекол за управата на Лацио доколку во летниов преоден рок клубот не успее да го задржи Горан Пандев. Неколку дена по истекот на ултиматумот од менаџерите на нашиот фудбалер до клубот и по најавите дека Пандев би можел летово да замине од "Олимпико" се огласи Клаудио Лотито. Првиот човек на римјаните уште еднаш потврди:
"Пандев е недопирлив. Тој е иднината на нашиот клуб и мора да остане".
Ова беа зборовите на Лотито во текот на вчерашниот ден кога англискиот весник "Сан" објави дека Пандев е блиску до трансфер во Англија и во екипата на Тотенхем.
Со оглед на сите случувања поврзани околу нашиот најдобар фудбалер може да се каже дека неизвесноста ќе продолжи, но за да се спасат челниците на Лацио ќе мора да ги прифатат барањата на Пандев кој би можел да замине од Рим дури во зимскиот преоден рок кога би се активирал и членот 7 од правилникот на ФИФА според кој струмичанецот би заминал од Лацио за само 2,1 милиони евра.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|