
|
 |
Спорт / Фудбал
Финалето на „ЕУРО 2008“ на видеобим на плоштадот „Македонија“ во Скопје
Скопјани на видеобим поставен на плоштадот „Македонија“ ќе можат да го следат финалниот натпревар на Европското првенство во фудбал „ЕУРО 2008“.
Јавниот пренос на плоштадот го организираат амбасадите на Австрија и на Швајцарија, земји кои се домаќини на Европското првенство што почнува в сабота.
На плоштадот Македонија на 29 јуни, на денот на одржувањето на финалниот напревар, ќе биде организирана и забавна програма со гости од Австрија и Швајцарија и локални изведувачи.
Програмата ќе почне во 19 часот со настап на Бени и Нон Стоп од Македонија и Tschushenkappelle од Австрија, потоа ќе следи првото полувреме од финалниот натпревар. Во паузата меѓу првото и второто полувреме гледачите ќе ги забавуват DJ Fecky Farris и акробатите од Фаз Бабал од Македонија, а по натпреварот швајцарскиот Ди Џеј - DJ St Plomb. Предвидено е програмата да заврши точно на полноќ.
- Сакавме да донесеме малку вкус од Европското првенство во Македонија и затоа се потрудивме да го овозможиме јавниот пренос на плоштадот. Жал ни е што Македонија не е на првенството, но се надеваме дека во Австрија и Швајцарија ќе има и македонски навивачи, рече амбасадорката на Швајцарија Никол Виршл на денешната прес-конференција.
Нејзиниот австриски колега Алојз Краут истакна дека Австрија е горда што е коорганизатор на третиот најголем спортски настан во светот годинава и оти се надева дека во блиска иднина и Македонија заедно со некој од нејзините соседи ќе биде организатор на некој голем европски спортски настан.
- Организацијата на ваков настан е голем предизвик и бара многу напори особено на полето на безбедноста. Заради тоа шенгенскиот систем ќе биде времено суспендиран и ќе се воведе поголема контрола на граничните премини, рече Краут, потенцирајќи дека заедничкото организирање на Европското првенство е уште еден доказ за одличната соработка меѓу Австрија и Швајцарија, како и добра можност за промоција на двете земји.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|