
|
 |
Спорт / Фудбал
Емануел Адебајор на чекор до Милан
Според извештаите од Италија, центарфорот на Арсенал и на репрезентацијата на Того, Емануел Адебајор се согласил да потпише за екипата на Милан, а се што е потребно да се комплетира договорот е "росонерите" да одговорат на сумата од 40 милиони евра која ја барааат "топчиите".
Веќе општо познато е дека Милан е во потрага по врвен светски напаѓач, а пред две недели тренерот Карло Анчелоти најави дека клубот ќе потпише со Ето, Адебајор, Дрогба или Амаури. Со оглед на тоа што Амаури веќе го засили Јувентус, остануваат три можности за Милан да го засили нападот, а последните информации велат дека Адебајор ќе биде тој што ќе ја пополни дупката во нападот на "црвено-црните". Адебајор веќе ги договорил личните услови за премин во тимот, а се што е потребно да се комплетира договорот, иако пред само неколку дена даде ветување дека ќе остане верен на Арсенал.
"Дојдов во Арсенал со мисија да успеам. Го убедив Венгер дека ќе останам бидејќи верувам во тимот и сакам да ги осигурам моите навивачи дека мојата концентрација е тука. Немам никаква причина да заминам, па ќе останам за да бидам сигурен дека ќе освојуваме пехари", рече Адебајор пред неколку дена, но оттогаш очигледно се предомислил.
Останува да се види дали Милан ќе ја плати сумата од 40 милиони евра или ќе бара компромис за намалување на цената, иако Берлускони и Галијани веќе најавија дека клубот претстојново лето ќе троши повеќе од вообичаеното, со цел да се залечат раните од неуспешната ланска сезона.
Инаку, Арсенал во овој преоден рок веќе го загуби Матје Фламини, кој му се приклучи на Милан, додека Александер Хлеб е на добар пат да замине во Барселона.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|