петок, 06.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Спорт / Фудбал

Почнува ЕУРО 2008

Најдобрите 16 фудбалски репрезентации од Европа в сабота во Австрија и Швајцарија почнуваат трка за титула континентален шампион. Најсилна конкуренција ќе има во групата Ц бидејќи сите репрезентации - Романија, Франција, Холандија и Италија можат рамноправно да конкурираат за едно од првите две места.

Актуелен европски шампион е Грција.

Од досегашните победници на финалните турнири на првенствата во Европа единствено Данска нема да учествува бидејќи не ги помина квалификациите.

На досегашните првенства на Европа најмногу успеси има Германија. Освен три титули, Германците двапати беа финалисти, и вкупно деветпати беа учесници на завршните турнири. Зад нив следи СССР, сега Русија со осум учества. Седум учества досега имаа Шпанија, Холандија, Данска и Англија, а по шест Франција и Италија.

Најголем губитник на континеталните шампионати досега е некогашниот СССР кој освои титула во 1960 година, но трипати беше поразен во финалето.

Во полувековната традиција на одржување на првенството на Европа, двапати се случи аутсајдери да станат прваци - Данска во 1992 година во Шведска и Грција пред четири години во Португалија.

Вкупно 24 држави досега учествуваа на завршните турнири. Првпат во историјата шампионатот заеднички ќе го организираат две држави - Австрија и Швајцарија.

Според букмејкерите, најголеми шанси за титулата Европски првак имаат Германија, Шпанија и Италија. За нив коефициентите се 4,5;6,5 осносно 7,00(шанса од 22,2%, 15,4% и 14,30%). Аутсајдер е Австрија која според нив има помалку од еден отсто шанси да победи.

Првиот натпревар е в сабота помеѓу Швајцарија и Чешка. Во истиот ден во ноќниот термин играат Португалија и Турција.


Наjновo од Спорт
Почнува ЕУРО 2008
Ред Вингс со својата 11 Стенли куп круна
Ренова на "Кантрида"
Играјте за слава, а не само "во интерес на кошарката"!
Доаѓам, зошто да не!?
Сакам европски "црвено-црни"
"Кометал" на пат кон Вардар!
Бут нов голман, Кан спортски директор
Во Челзи до крајот на кариерата
Емануел Адебајор на чекор до Милан
Реал му нуди 450.000 евра неделна плата на Роналдо
Финалето на „ЕУРО 2008“ на видеобим на плоштадот „Македонија“ во Скопје
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи