
|
 |
Спорт / Фудбал
Португалија убедлива против Турција
Португалија во дуелот со Турција ја оправда улогата на фаворит и со головите не Пепе во 61-та и Раул во третата минута од судиското продолжение оствари триумф во првото коло од групата А.
Победата на Португалија можеше да биде и доста поубедлива со оглед на фактот дека избраниците на Луис Фелипе Сколари два пати ја погодија стативата и еднаш гредата.
Двете екипи отворено влегоа во мечот, но Португалија беше поконкретна – имаше повеќе шанси и поголем посед на топката. Во текот на првоо полувреме најдобрата шанса ја имаше Кристијано Роналдо во 37 минута кога неговиот шут од околу 30 метри, голманот Демирел со врвот на прстите го одби до стативата.
За волја на вистината Португалците ја затресоа мрежата на противникот преку дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе во 17 минута, но голот оправдано беше поништен поради офсајф. На спротивната страна Турција се обиде од контра напад да постигне гол, а најдобрата шанса ја имаше преку Алтинтоп во 39 минута.
Второто полувреме започна со театралниот пад на Нихат во противничкиот шестнаесетник. Не стануваше збор за пенал, а може да се каже дека Нихат добро мина бидејќи не заработи жолт картон.
Португалија возврати со вистинска шанса, а втората статива на мечот ја погоди Нуно Гомес.Она што не му успеа во 17 минута Пепе го стори во 61. Исфрлената топка на турската одбрана Пепе ја прифати на средината на теренот, тргна во соло пробив, потоа размени двојно проигрување со Гомес и ја смести топката во мрежата на Демирел. Само три минути подоцна гомез со глава ја погоди гредата од голот на Турција.
Најголемата шанса Турција ја пропушти преку резервистот Емре Ашик, кој по корнерот на Нихат имаше чиста ситуација, но неговиот удар со глава од 7-8 метри заврши покрај стативата.Конечните 2:0 ги постави Раул од контра напад, кој го “повлече” Кристијано Роналдо.
По одигрување на првото коло во групата А табелата изгледа вака:
1. Португалија 3
2. Чешка 3
3. Швајцарија 0
4. Турција 0.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|