вторник, 10.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Фудбал

Натпревар за заборав

РОМАНИЈА - ФРАНЦИЈА 0:0

Репрезентацијата на Романија ги потврди намерите да не биде само "топовско месо" за големите фаворити во "групата на смртта". Уште во првиот натпревар, Романците направија изненадување, прво воопшто на ова првенство откако го запреа актуелниот светски вицешампион Франција и на крајот одиграа 0:0. Освоениот бод за фудбалерите на Виктор Пицурка е сосема заслужен бидејќи во натпреварот влегоа без нималку респект кон големиот противник и дури на моменти и го диктираа темпото на игра.

"Задоволни сме од резултатот бидејќи не треба да се заборави дека ние сме аутсајдери во нашата група. Дури, немам замерки ниту на играта затоа што не бевме затворени на нашата половина, туку се боревме рамноправно со противникот. Сигурен сум дека можеме вака и во другите два натпревари од групата", изјави романскиот селектор Виктор Пицурка.

Франција иако влезе како голем фаворит за освојување на трите бода, комплетно разочара со својата игра. Се потврдија стравувањата во земјата дека Рејмон Доменеш со себе поведе неподготвени фудбалери и репрезентација која нема никакви шанси ниту квалитет да ги повтори успесите на генерацијата од пред една деценија. Според она што вчера љубителите на фудбалот може да го видат, Франција не само што нема да може да стигне до завршницата, туку прашање е и дали ќе ја помине групата ако се знае дека се "сопна" на најлесниот противник, а треба да игра уште со Италија и Холандија во следните две кола. По многу параметри, играта на Французите потсетуваше на онаа од првото коло на Светското првенство против Того меч кој исто така заврши без голови, а потоа "триколорите" стигнаа до финалето. Но, не смее да се заборави дека тогаш во своите редови Доменеш го имаше Зинедин Зидан, а сега не може да смета ниту на Анри и Виеира кои се повредени и прашање е дали ќе играат до крајот на фазата по групи.

"Потребна ни е поголема самодоверба бидејќи по овој меч јасно е дека сите се сомневаат во нашиот состав. Треба да ни се случи нешто убаво и тоа колку е можно побрзо", рече Доменеш по натпреварот.

Вчерашниот натпревар меѓу Романија и Франција беше убедливо најслабиот во досегашниот тек од првенството иако и другите средби не изобилуваа со некој особен квалитет. Како сонцето да ги успа фудбалерите на двете екипи, воопшто немаше динамика, па со самото и шанси пред двата гола. Фаворитот нешто подобро го почна натпреварот обидувајќи се од стартот да дојде до предност, но не успеа во такво нешто. Најактивни беа Рибери и Бензема, меѓутоа не можеа да излезат на крај сами со целата одбрана на Романија која, патем, одлично си ја заврши работата. Како што поминуваше времето, и избраниците на Пицурка се отвораа иако и тоа беше срамежливо. Во вториот дел Доменеш се обиде да го загрози Лобонт со Гомис и Насри, но и тие се вклопија во сивилото на мечот. Дека ова беше ужасен натпревар за гледање зборува и фактот дека за 90 минути немаше ниту еднаш стопроцентна шанса за гол на двете страни.

ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ:

*Лилиан Турам од вчера е играчот со најмногу одиграни натпревари на Европските првенства. Дуелот против Романија за него беше 15. на континенталните шампионати со што ги надмина Поборски, Зидан и Фиго.

*Седум од романските репрезентативци се родени во Букурешт со што престолнината на Романија е град со најголем број учесници на првенството. На второ место е Москва со шест.

*Романија и на четвртото учество на Европските првенства не успеа да оствари победа на првиот натпревар.

*Романија и Франција играа во првото коло и на Европското првенство во 1996 година. Тогаш "триколорите" победија со 1:0 со голот на Дугари.

*Романија и натаму има само една победа на 11. натпревари на Европските првенства. Совладана беше само Англија со 3:2 во третото коло од ЕУРО 2000 по што обезбеди пласман во четвртфиналето.

Виеира, сепак, остана

Капитенот на француската репрезентација Патрик Виеира, сепак, ќе учествува на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Докторскиот тим вчера ги изврши последните прегледи по што донесе одлука фудбалерот на Интер да остане бидејќи повредата на бутниот мускул полека се санира.

Матје Фламини, кој беше повикан како евентуална замена, вчера го напушти кампот. Виеира, сепак, не играше на дуелот против Романија, а како што стојат работите нема да настапи ниту во фазата по групи.

ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ:

ФРАНК РИБЕРИ (Франција)


Сродни вести
Тепачка меѓу Ван Перси и Снајдер
Германија ја оправда фаворитската улога
Хрватска "на мускули" до првата победа
Навивачка пресметка на Германците и Полјаците
Португалија убедлива против Турција
Во поход на Алпите
Почнува ЕУРО 2008
Финалето на „ЕУРО 2008“ на видеобим на плоштадот „Македонија“ во Скопје
Тешка повреда на Канаваро
Наjновo од Спорт
Натпревар за заборав
"Кубица сега е конкурент за титулата"
Хамилтон "распнат" од медиумите, но и од Кими
Челзи нуди 31 милион фунти за Рибери
Тепачка меѓу Ван Перси и Снајдер
Преговори на Манчестер Сити со Роналдињо
Башкими и Силекс остануваат прволигаши
Малдини ќе игра уште една сезона
Германија ја оправда фаворитската улога
Хрватска "на мускули" до првата победа
Навивачка пресметка на Германците и Полјаците
Португалија убедлива против Турција
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи