
|
 |
Спорт / Фудбал
Јунајтед поднесе пријава против Реал
Англискиот и европски првак Манчестер Јунајтед ја оствари својата закана дека ќе го пријави Реал Мадрид на Истражната комисија на ФИФА и формална тужба ја поднесе во текот на вчерашниот ден. Пријавата се однесува на наводните напори на Реал по секоја цена да го донесе во своите редови Кристијано Роналдо иако Португалецот има договор на уште неколку сезони со Јунајтед. Пред две недели официјалните лица на англискиот тим преку медиумите го предупредија Реал Мадрид дека ќе реагираат ако продолжат со контактите со Роналдо без претходна консултација со нив, но шпанскиот клуб не ја прифатил сугестијата.
"На 27 мај Јунајтед обелодени дека ќе поднесе пријава во ФИФА ако Реал продолжи со обидите да го донесе Кристијано Роналдо. За жал, Реал не ги послуша нашите сугестии и ние чувствуваме дека немаме повеќе алтерантиви освен да поднесеме официјална пријава кај надлежните, што и направивме во текот на вчерашниот ден. Точната содржина на тужбата не би сакале да го откриваме", се вели во официјалното соопштение од Реал Мадрид.
Портпаролот на ФИФА, Пека Одриозола, рече дека се уште е рано да се види како ќе се одвива постапката по повод оваа тужба.
"Прво ќе мораме да го прегледаме секој детаљ од документацијата, па дури потоа ќе одлучиме како се можните последици", објасни портпаролот.
Реал Мадрид во последните месеци не криеше дека се обидува да стапи во контакт со Манчестер Јунајтед и да почне преговори околу ангажирање на талентираниот Португалец за кого се подготвени да платат и 120 милиони евра. Самиот Роналдо одби да даде изјава дали во иднина ќе остане на Олд Трафорд, но рече дека за тоа ќе одлучува по Европското првенство.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|