среда, 11.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Фудбал

Голот на Ван Нистелрој регуларен

Првиот гол за холандската репрезентација што во понеделникот го постигна Руд ван Нистелрој предизвика голема полемика кај сите го следат Европското првенство. Селекторот на Италија, Роберто Донадони, во немоќ и во обид да се одбрани по катастрофалниот пораз го нарече погодокот "нерегуларен и клучен за поразот" на неговата репрезентација, но само неколку часа подоцна и во текот на вчерашниот ден стигна демант од сите судиски стручњаци од Европа.

Прв се јави претседателот на Италијанската судиска организација, Чезаре Гусони, кој откако неколку пати ја прегледал снимката, категоричен е дека нема офсајд. Снимката очигледно покажува дека Ван Нистелрој не е во офсајд бидејќи италијанскиот репрезентативец Кристијан Панучи во тој момент бил во игра иако лежел надвор од теренот поради повредата добиена неколку моменти претходно.

"Линискиот судија во целост се држеше до правилата на УЕФА и оправдано го призна голот. Тој сметаше на Панучи како играч кој учествува во играта и ја дозволи позицијата од која Ван Нистелрој постигна регуларен гол", изјави Гусони.

Со неговото мислење се согласува и генералниот секретар на УЕФА, Дејвид Тејлор, како и шефот на Англиската судиска организација, Кит Хекет.

"Јасно ни е дека во јавноста има недоумица дали голот на Ван Нистелрој е регуларен или не. Телевизиските коментатори беа категорични дека се работи за офсајд, но всушност не е така. Стрелецот на голот не беше во офсајд бидејќи освен голманот, има уште еден играч, па иако тој лежи на теренот и не учествува во играта, неговата позиција се зема предвид при правилото за офсајд", рече Тејлор и тоа е официјална реакција од УЕФА на спорниот момент.

Нешто слично изјави и Хекет, а поради протестите при постигнувањето на голот на Ван Нистелрој, во понеделникот жолт картон доби напаѓачот на италијанската репрезентација Лука Тони.


Сродни вести
Рибери и Французите разочарани
Интересни случки од ЕУРО 2008
Офсајд или не, голот на Нистелрој?
Сигурно ја освојуваме титулата
"Лалињата" расцветаа против светскиот првак
Натпревар за заборав
Тепачка меѓу Ван Перси и Снајдер
Германија ја оправда фаворитската улога
Хрватска "на мускули" до првата победа
Навивачка пресметка на Германците и Полјаците
Португалија убедлива против Турција
Во поход на Алпите
Почнува ЕУРО 2008
Финалето на „ЕУРО 2008“ на видеобим на плоштадот „Македонија“ во Скопје
Тешка повреда на Канаваро
Наjновo од Спорт
Голот на Ван Нистелрој регуларен
"Ние сме незапирливи!"
Кубица би сакал да вози покрај Алонсо
Рибери и Французите разочарани
Интересни случки од ЕУРО 2008
Офсајд или не, голот на Нистелрој? видео
На "Мерцедес опен" со млади сили
Тимот за ЛШ на "Градски"
Мазнов - "Мистер спорт"
Фиорентина упорна за Пандев!!!
Ѓоре го даде и Милано на арбитража!?
Сигурно ја освојуваме титулата
Јунајтед поднесе пријава против Реал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи