
|
 |
Спорт / Фудбал
Јунајтед нема докази за Роналдо
Претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон изјави дека воопшто не се плаши од Манчестер Јунајтед бидејќи раководството на англискиот првак нема докази со кои би ги поткрепил своите тврдења за обид за "кражба" на Кристијано Роналдо. ФИФА пред два дена потврди дека примила неформална жалба од Манчестер Јунајтед во која се наведува дека Реал константно контактира со фудбалерот на "црвените ѓаволи".
"Манчестер Јунајтед нема докази бидејќи ништо не се случило. Сето тоа што сте го прочитале во медиумите се само шпекулации бидејќи и самиот Роналдо сака да го напушти тој клуб. Во моментов тоа нема да се оствари затоа што Јунајтед едноставно не сака да го продаде. Манчестер има право да се жали, но ние не сме направиле ништо лошо. Тоа е работа меѓу играчот и клубот и Реал не сака да се меша во такви работи", изјави Калдерон.
Во членот 18 од правилникот на ФИФА стои дека клуб што е заинтересиран за ангажман на туѓ фудбалер мора прво да бара дозвола за преговори со неговиот актуелен клуб. Шпанскиот првак претходните недели јасно порача дека сака го ангажира Кристијано Роналдо, но исто така од клубот јасно нагласија дека тој фудбалер има договор со Манчестер Јунајтед.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|