
|
 |
Спорт / Фудбал
Јаневски: Емоциите работат за Вардар!!!
Златното вардарово име Чеде Јаневски е првиот пик за тренерската клупа на "црвено-црните" а вчера и официјално дојде до средба на тренерот со Коста Костовски. Средбата се одржа во Белгија каде двете страни имаа состанок кој траеше околу 4 часа а по истата стана јасно дека 99% нашето познато тренерско име ќе го прифати предизвикот и ќе му се врати на својот Вардар.
"Ја добив понудатаод Вардар. Уште кога заминав си ветив дека еден ден ќе се вратам", коментира Чеде Јаневски во својот коментар за средбата со Коста Костовски.
"Двете страни одлучивме конечната одлука да биде донесена до утре. Ова е голем предизвик и работа за која треба малку време за размислување. Ме радува тоа што еве се појавија луѓе и екипа на фудбалски работници кои имаат визија и амбиции да ја вратат старата слава на гордоста во Македонија. Јас би бил пресреќен доколку и јас бидам дел од таа екипа. Вардар е Вардар и тоа не е мал предизвик без разлика на тоа што би се вратил од Белгија во Македонија. Кај мене емоциите работат за Вардар и добро знам што направија новите луѓе со Работнички К. Станува збор за сериозен план, сериозни луѓе и сериозна понуда", изјавува Јаневски кој не сакаше да дава подетални информации околу разговорот.
"Да почекаме. Прво нека биде се официјално а потоа коментари околу екипата, засилувања, амбициите... Јас сум слободен тренер а на Вардар му треба тренер. Коцките се склопуваат а и условите кои ми се понудени се прифатливи но само за Вардар. Сепак да оставиме да биде се официјално а потоа ќе дадаве подетални коментари", беше ставот на Јаневски кој со Коста Костовски се разделиле синоќа околу 20 часот со зборовите: "Ќе се чуеме и се гледаме во Скопје".
Средбата со Чеде Јаневски беше неколку часа по промоцијата на Ндерим Неџипи во Лирс. За време на истата Коста Костовски ни даде кус коментар:
"Разговарамвме со Јаневски но оставивме понудата да преноќи па потоа да се донесе конечната одлука".
Чеде Јаневски би можел до петок да ја има промоцијата во Вардар. Сепак никој барем засега не коментира дали со него Работнички К. би настапувал низ квалификациските кола од Лигата на шампионите. Правните служби треба да најдат решение како во текот на септември ќе се случи преселбата од Работнички К. во Вардар иако е јасно дека сите шеми ќе бидат обелодениети откако ќе се најде нов тренер и откако ќе почнат подготовките.
Според наши извори денеска во Вардар очекуваат позитивен одговор од Чеде Јаневски но исто така денеска е можна средба на членициоте на "црвено-црните" и со Ратко Достаниќ, тренерот од Србија.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|