петок, 13.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ПО ДЕБАКЛОТ ОД ХОЛАНДИЈА В ПЕТОК “АЗУРИТЕ” ИМААТ ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ПОПРАВЕН НА ОВА ЕП
Светскиот првак нема право на грешка

Катастрофата од Холандија во Италија доживеана како вистински фудбалски земјотрес. По оваа средба во 2. коло светскиот шампион на средбата со Романија нема ниту една друга отворена опција освен победа.

Селекторот Донадони неславно почна со настапите на големите натпреварувања откако Холандија им приреди голема непријатност со убедливата победа од 3:0. Донадони вчера во медиумите најави дека ќе има радикални промени во првиот тим, па дури четворица од стартерите со “лалињата” ќе се најдат на резервната клупа. Во првиот тим се очекува да се најдат Дел Пиеро, Гросо, Де Роси и Касано, за сметка на Гатузо, Матераци, Ди Натале и Каморанези, кои ќе бидат на “пауза”.

Романците, пак, по мирно завршениот дуел со Франција, сега посакуваат победа над “ранетата” Италија. И самите фудбалери побараа од романскиот селектор да ја смени тактиката и со побрза игра да се обидат да го изненадат големиот фаворит во групата.

Романија на оваа средба ќе ја има огромната поддршка на армијата навивачи кои се допатувани во Цирих за да го следат дуелот. Поддршката може да биде значајна и на оваа средба, иако Муту, Киву и останатите во романскиот тим најавуваат многу подобра игра отколку на првиот дуел. Романија ќе се обиде да биде најголемо изненадување во “групата на смртта” и да се најде меѓу четвртфиналистите.

ГРУПА “Ц”

ИТАЛИЈА - РОМАНИЈА

Стадион: Лецигрунд во Цирих
Судија:
ИТАЛИЈА:
(4-3-3)

1. Буфон
19. Ѕамброта
6. Барѕаљи
3. Гросо
2. Панучи
13. Амброзини
21. Пирло
10. Де Роси
7. Дел Пјеро
9. Тони
18. Касано

РОМАНИЈА:
(4-3-3)

1. Лобонт
3. Рац
15. Гојан
4. Тамаш
2. Контра
5. Киву
6. Радои
8. Кодреа
10. Муту
21. Никулае
16. Николица

МЕЃУСЕБЕН БИЛАНС:

Победи Италија: 10
Победи Романија: 2
Нерешени: 2
Голови Италија: 24
Голови Романија: 10

ФАКТИ ЗА МЕЃУСЕБНИТЕ ДУЕЛИ

Прв натпревар
26.11.1966 Италија - Романија 3:1
Најголема победа на Романија
16.04.1983 Романија - Италија 1:0
Најголема победа на Италија
07.10.2000 Италија - Романија 3:0
Најефикасен натпревар
26.11.1966 Италија - Романија 3:1
Последен натпревар
24.03.2001 Романија - Италија 0:2

ПОСЛЕДНИ ТРИ СРЕДБИ:

ИТАЛИЈА:
09.06.2008 Италија - Холандија 0:3
30.05.2008 Италија - Белгија 3:1
26.03.2008 Шпанија - Италија 1:0

РОМАНИЈА:

09.06.2008 Романија - Франција 0:0
31.05.2008 Романија - Црна Гора 4:0
26.03.2008 Романија - Русија 3:0

ТИМСКИ ФАКТИ:

ИТАЛИЈА:
Биланс на ЕП: 9-10-4
Наголем пораз на ЕП: Италија - Холандија 0:3 (2008)
Најголема победа на ЕП: Италија - Романија 2:0 (2000)
Најдобар стрелец на ЕП: Касано, Казираги, Инзаги (по 2 гола)
Најмногу настапи на ЕП: Малдини (13)

РОМАНИЈА:
Биланс на ЕП: 1-3-7
Наголем пораз на ЕП: Италија - Романија 2:0 (2000)
Најголема победа на ЕП: Англија - Романија 2:3 (2000)
Најдобар стрелец на ЕП: Седуммина по 1
Најмногу настапи на ЕП: Георге Хаџи (8)

ИНТЕРЕСНО...

* Кристијан Сапунару сè уште го чека својот дебитантски настап за Романија. Досега без ниту еден меч во репрезентацијата се најде во изборот на Пицурка.

* Чипријан Марика по малиот потрес на мозокот вчера ја напушти полницата. Ќе мора да паузира неколку дена.

* Третиот голман Станкиу е единствениот повикан играч во Романија од освојувачот на двојната круна во домашното првенство, екипата на Клуж.

* Џорџио Киелини е најмладиот фудбалер во составот на италијанската селекција на ова ЕП со 23 години.

* Марко Матераци, пак, е единствениот фудбалер од шампионот Интер кој се најде во изборот на селекторот на “азурите”, Донадони за ова ЕП.




Сродни вести
Виља: Третиот гол за Торес
Арда Туран го елиминираше домаќинот
Немам полски пасош, но ја сакам Полска
“Петли” на менито на Холанѓаните
Португалија прва во четврт-финалето
Им снема среќа на Грците
Шпанија "фуриозна" во триумфот над Русија
Ван Бастен: Историска победа
Голот на Ван Нистелрој регуларен
Рибери и Французите разочарани
Интересни случки од ЕУРО 2008
Офсајд или не, голот на Нистелрој?
Сигурно ја освојуваме титулата
"Лалињата" расцветаа против светскиот првак
Натпревар за заборав
Тепачка меѓу Ван Перси и Снајдер
Германија ја оправда фаворитската улога
Хрватска "на мускули" до првата победа
Навивачка пресметка на Германците и Полјаците
Португалија убедлива против Турција
Наjновo од Спорт
Вастич ја извлече Австрија во судиското продолжение
Хрватски триумф над Германија
Доколку Турција и Чешка одиграат нерешено ќе одлучуваат пенали
Попов четири години во Херенвен!
Јао Минг ја промовираше Фондацијата
Коби не се дава така лесно...
Мејси го менува Стак
Виља: Третиот гол за Торес
Арда Туран го елиминираше домаќинот
Фергусон бара поголема плата за Роналдо
Немам полски пасош, но ја сакам Полска
Светскиот првак нема право на грешка
“Петли” на менито на Холанѓаните
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи