
|
 |
Спорт / Фудбал
МЕНАЏЕРОТ НА ЈУНАЈТЕД ТРГНУВА ВО КОНТРАНАПАД Фергусон бара поголема плата за Роналдо
 Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, ќе побара од челниците на клубот да му дадат на Кристијано Роналдо неделна плата од 150 илјади фунти со цел португалскиот репрезентативец, конечно, да ја одбие понудата од Реал Мадрид и да ја прекине сагата што се заканува да трае цело лето. Англискиот и европски првак се соочува со голем притисок од Шпанија за својот најдобар фудбалер, но клупските правници тврдат дека сето тоа може да се разреши со мала ревизија на четиригодишниот договор што Роналдо го потпиша минатата година. Реал Мадрид вчера повторно излезе со понуда за трансфер на 23-годишниот фудбалер во висина од 75 милиони фунти и покрај тоа што Јунајтед во понеделникот испрати официјална жалба до УЕФА за непримерното однесување на претседателот Рамон Калдерон. Во моментов, Роналдо заработува неделна плата од 120 илјади фунти во Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа прикриено работи на своето заминување од Олд Трафорд.
Однесување на Роналдо веќе ги надмина сите граници и тој доби критики од голем број поранешни фудбалери на Јунајтед, но и во Премиер-лигата воопшто. Прв се јави легендата на Арсенал, Јан Рајт, кој изјави дека се срами од постапките на Португалецот, а вчера и Ерик Кантона му порача дека не би требало да оди во Реал Мадрид само поради парите.
Интересно е тоа што сопствениците на Јунајтед, семејството Глејзер почнуваат да се помируваат со фактот дека идната сезона нивниот тим ќе биде брз првата ѕвезда. Уште еден податок на таа страна е изјавата што Малколм Глејзер ја даде вчера во која тој вели дека 75. милиони фунти што Манчестер би ги добил за Роналдо ќе бидат искористени за засилувања во летниот преоден рок. Неофицијално, дел од нив ќе бидат наменети за враќање на долговите што семејството ги има уште од времето кога го преземаше Јунајтед.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|